58 годишниот навивач на Манчестер Јунајтед, Грим Кларк купил две карти за гостувањето против Хал, една за него, а другата за син му. Но се разболил од грип и го пуштил син му на стадион да оди сам.
И до тука нема ништо спорно, ако клубот не го суспендираше и тоа на една година. Пет дена по натпреварот Кларк добил писмо од клубот со одлука дека нема да може да купува карти за гостување во следните 12 месеци.
Човекот им вратил на писмото и им објаснувал кои биле причините за неговото отсуство, но одговорното лице на билетарницата му го дал следното образложение:
„Ја разбираме вашата неспособност за да присуствувате на мечот, но со тоа што не го поништивте билетот, ние не можевме да му го продадеме на друг. Клубот работи напорно за да успее да ги продаде сите достапни билети за гостувањата, но кога го разгледавме вашиот случај моравме да ви потврдиме дека добивате забрана за купување билети во следните 12 месеци“
Сега син му е загрижен за татко му да не падне во депресија.
„Многу ми жал, татко ми е сопственик на паб, пред пензија е и планира да оди на сите гостувања на Манчестер. Тоа е неговиот клуб во срцето и единственото нешто за да го помине времето забавно. Тој живее за Манчестер Јунајтед и оваа казна може да го уништи“.
Колку му значи Манчестер на човеков покажува податокот што своите деца ги ставил на листа за купување годишни карти уште пред да се родат.