Џо Хауел има 18 години, а следен пат ќе има право да оди на стадион кога ќе наполни 21. Забрането му е да стапне на било кој стадион во Велика Британија во период од 3 години бидејќи фрлил паричка на терен.
Дечкото навива за Мидлсброу, а паричката ја фрлил на мечот против Престон во Чемпионшип лигата кој се одигра на 26 август.
Тој бил фатен на камера од страна на полицијата која го забележала како ја фрла паричката накај противниците, седејќи на стадион со мајка му и татко му.
Кога истражниот судија го прашал зошто го сторил тоа, ги ставил рацете в џеб и молчел. Освен забраната за одење на стадион, Џо бил казнет и со 120 фунти за кои судијата се сомневал дека ќе ги плати бидејќи не работи и нема примања.
Е тука Џо имал спремен одговор и рекол дека казната ќе ја плати татко му, а потоа додал дека нема да му се повтори.
Добар провод мали на фудбал во 2020-та.