48 годишниот Кит Палмер е британски полициски службеник кој беше прободен со нож од страна на терористот кој се обиде да влезе во Парламентот во Лондон, откако претходно газеше невини луѓе со автомобил.
На стадионот на Чарлтон денеска осамна само еден шал, оној во боите на англискиот третолигаш за кој навиваше Палмер и имаше сезонски билет.
„Постои голема тага откако клубот дозна за смртта на Кит Палмер, лојален навивач на Чарлтон и поседувач на сезонска карта, кој го загуби животот во терористичкиот напад во средата попладне. Кит беше познато лице меѓу навивачите кој седеше на истото седиште со години.
Како непосредна почит, на неговото седиште ќе има шал во црвено – бела боја кој ќе седи до следниот меч на 4 април, додека во клубот ќе се разговара за начините на кои може да му се одбележи неговиот живот.
Кит беше вистински херој кој во голема мера ќе недостасува во семејството Чарлтон и сите во клубот би сакале да изразиме искрено сочувство до неговото семејство и пријателите во овој исклучително тежок период. Клубот истот така сочувствува со семејствата на сите загинати во вчерашниот инцидент“, се вели во соопштението на Чарлтон.
Полицијата во Лондон формираме и паричен фонд за семејството на својот колега за да му оддаде почит за неговата храбра акција во запирање на тероризмот. За сега се собрани 20.000 фунти.
As an immediate tribute to hero Keith, a red and white scarf has been placed on the seat which he occupied for many years... #cafc pic.twitter.com/iKZkQufC6i
— Charlton Athletic FC (@CAFCofficial) March 23, 2017