Фриц Ретенштајнер се обидува по судски пат да наплати 120.000 евра од Баерн Минхен бидејќи му падна навивач пред Алијанц арена кој тешко го повредил.
Инцидентот се случил пред реванш четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите помеѓу Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, одигран пред три години.
Навивачот на Манчестер Јунајтед се прекачил преку ограда и уредот за контрола на карти и му скокнал право на глава. Фриц останал без еден заб и му го скршил лактот и коленото по што имал неколку операции и уште оди со штаки.
Судот предложил да му се исплатат 10.000 евра, но ниту тој ниту од клубот не ја прифаќаат таа сума бидејќи не ја признаваат вината.
На стадионот на Баерн Минхен годишно влегуваат околу два милиони луѓе од кои само четворица до петмина успеале да скокнат преку ограда.
Судењето меѓу навивачот и клубот продолжува на 5 април.
За верноста на Баварците објавивме вчера.