- Селекторот на Македонија, Кире Лазаров повика 20 ракометари за првите две квалификациски средби за ЕП 2026, против Естонија дома (6 ноември) и Литванија на гости (10 ноември).
- На списокот ги нема стандардните Филип Талески кој е член на Бенфика, како и Никола Митревски од Еурофарм Пелистер, кој е ставен како резерва, во случај ако откаже еден од тројцата повикани ракометари.
- Поради повреди ги нема десните крила Никола и Ненад Костески, па таму ќе покрива единствено Александар Петковски.
- Собирот на ракометарите е в недела на 3 ноември во хотелот Карпош во Скопје.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.