- По комплетирањето на ждрепката, познат е целиосниот распоред во доигрување во машката ракометна Суперлига каде ќе се разигрува за места во еврокуповите и шампионската титула во Македонија.
- Во секое коло до крајот ќе има по една мега пресметка. Дерби дуелите Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 се закаани за 2. коло во март кога црвено-црните гостуваат во Битола и за седмото коло во мај кога Битолчани доаѓаат во Скопје во натпревар кој би можел да ја реши шампионската титула.
- Во 1. коло Вардарци ќе играат против Алкалоид на гости а Еурофарм Пелистер оди кај Тиквеш во Кавадарци. Во истата рунда ГРК Охрид ќе му гостува на Бутел во Скопје. Разигрувањето почнува претстојниов викенд а ќе се игра до крајот на мај.
- Фудбалот како универзален јазик на пријателството, соработката и инклузијата беше во центарот на настанот „Допри го голот – Фудбал за секое дете“, реализиран од Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје, со поддршка на ФФМ и УЕФА Фондацијата за деца (UEFA Foundation for Children).
- На настанот учествуваа ученици со типичен и атипичен развој од седум училишта од Скопје, Куманово и Кратово.
- Преку заеднички фудбалски активности, учениците, наставниците и образовните асистенти испратија силна порака за важноста на инклузијата, врсничката поддршка, тимскиот дух и еднаквите можности за секое дете. Ревијалните фудбалски активности беа можност децата да се дружат, да соработуваат и да создаваат нови пријателства, потврдувајќи дека на фудбалскиот терен има место за сите.
- Поддршката за ваквите иницијативи е дел од заложбите на Фудбалската федерација на Македонија за промовирање на социјалната инклузија и создавање можности што ќе му овозможат на секое дете да биде дел од фудбалската игра.
- ФФМ информира дека дека продажбата на билетите за претстојниот натпревар Шкотска – Македонија ќе се одвива исклучиво преку официјалната електронска платформа за продажба на билети на Фудбалската асоцијација на Шкотска.
- За македонските навивачи првично ќе биде отворен секторот А2 на западната трибина, со капацитет од 539 седишта, а доколку има потреба од дополнителен број билети, ќе биде отворен и секторот А3, со дополнителни 860 седишта.
- Натпреварот Шкотска – Македонија ќе се одигра на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:45 часот по македонско време (19:45 часот по локално време), на стадионот „Хемпден парк“ во Глазгов.