- Некогашниот тренер на норвешки Молде и Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, наскоро би можел да го преземе белгискиот гигант и повеќекратен шампион Клуб Бриж.
- Белгискиот клуб сезонава два пати менуваше тренери, го отпушти и Англичанецот Скот Паркер кој неколку месеци седеше на клупата, а сега сè погласни се гласините дека Оле Гунар Солскјер веќе прифатил и се договорил со Бриж.
- Солскјер по отказот кој го доби во Јунајтед во 2021-ва, цели 18 месеци не тренираше ниеден друг клуб и сега би се вратил на клупата.
- „Бојот се бие во срцето на јунакот“, е дело посветено на животот на македонскиот фудбалер, Андреј Лазаров кој почина во големиот пожар во дискотеката Пулс во Кочани.
- „Некаде помеѓу небото, Оризари, Кочани, Скопје, Кавадарци, Загреб и Нова Горица живее духот на Андреј Лазаров, момчето кое се всели во срцата на многумина“, беа зборовите кои одекнаа во тишината посветена на фудбалерот со големо срце, кое не успеа да се избори во најважната битка по големата трагедија.
- Во рамки на промоцијата одржана во Кочани, беа изложени и лични предмети на Андреј, неговите фудбалски дресови, копачки, топка и фотографии, кои на присутните им овозможија уште еднаш да се потсетат на неговиот живот и љубовта кон фудбалот.
- Македонската фудбалска репрезентација во петок ја очекува нов тежок предизвик во Лигата на нациите. Избраниците на Гоце Седлоски гостуваат кај Шкотска на „Хемпден парк“ во Глазгов, во натпревар од петтото коло во групата Б1, кој започнува во 20:45 часот.
- За Македонија ова е нова шанса да ја прекине црната серија во ова издание на Лигата на нациите. Нашата селекција по четири одиграни натпревари е без бодови, со четири порази и гол-разлика 0-10, а дополнителен „проблем“ за Седлоски ќе биде отсуството на Бојан Миовски. Напаѓачот на Глазгов Ренџерс не доби повик за овој репрезентативен прозорец поради малата минутажа во својот клуб.
- Македонија 12 натпревари по ред нема победа, а 8 средби по ред нема постигнато гол.