- Врвниот Никола Миротиќ кој од 2014 до 2019 играше во НБА лигата каде забележа преку 300 настапи за Чикаго Булс, Њу Орлеанс и Милвоки Бакс, а потоа во Реал Мадрид, Барселона, Олимпија Милано и Монако, сега како слободен играч потпиша со Валенсија.
- Интересно екипата која лани беше сензација и стигна до големото финале на Евролига каде изгуби од Олимпијакос, летово остана без неколку важни играчи но затоа го засили составот и со двајцата натурализирани македонски репрезентативци Ти-Џеј Шортс и Омари Мур.
- Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, го објави списокот на фудбалери за претстојните натпревари против Шкотска (13.11.) и Словенија (16.11.) од Лигата на нации.
- Седлоски се одлучи за 26 фудбалери, меѓу нив напаѓачот на Шкендија, Марко Ѓорѓиевски, а повратници во составот се Дарко Чурлинов, Имран Фетаи, Стефан Деспотовски и Никола Серафимов. Бојан Миовски не е повикан.
- Македонија на 13. ноември игра против Шкотска во Глазгов, по што следува домашниот натпревар со Словенија на 16. ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
- Импресивната игра и петте стартни победи на лидерот и досега единствениот непоразен тим, Работнички во 35. прволигашко кошаркарско првенство, во МТЕЛ Супер Лигата, се неговиот најдобар клупски старт по пауза од девет години. Во таа сезона 2017/2018 тогаш исклучително моќниот Работнички, кој беше најмалку за класа подобар од конкурентите, го заврши регуларниот дел со импресивните и неповторливи максимални 22 победи.
- Играта на сегашниов Работнички сè повеќе почнува да потсетува на славните времиња на (Годел, Фершпед) Работнички! Широк е фондот на квалитетни и за тимот мошне важни домашни кошаркари – такви се најмалку седуммина. Разновиден е начинот на игра, што го практикува шефот на стручниот штаб Владимир Мирковски, кој, помеѓу другото, одлично ја распоредува и минутажата. Темелот е цврстата и агресивна одбрана. Одлично се избрани и вкомпонирани исклучително квалитетните три странски засилувања кои се максимално подредени на тимот.
- Дали стартов мириса на борба за шампионскиот пехар во за Работнички посебно убава година во која се прославува јубилејни 80 години постоење, во голема мера ќе покаже и градското дерби против МЗТ Скопје за неколку дена.