- Гидсел и Нилсен, Мем и Ремили, Клар и Бергендал, Магнусен и Кристијансон, Кнор и Куштер, Дујшебаев и Тарафета, браќата Кошта. Најдобрите светски ракометари, во зависност од поддршката на другиот дел од тимот, ќе може да се надеваат на најсјајното одличје во европскиот ракомет.
- А таму, Данска, пред домашна публика и дополнителен мотив да ги обедини сите титули (по ЛОИ и СП), е фаворит, голем фаворит, но на завршниот турнир (каде што секако ќе се пласира) се игра еден натпревар и оставаме простор Франција и особено Шведска да ѝ го „скинат скалпот“.
- А која е нашата цел на претстојното ЕП? Официјално, не знаеме. Македонија има уигран состав, играчи што веќе неколку години по ред се на големите натпреварувања, дузина суперискусни играчи, „најдобра лига“ во регионот, буџет за исполнување на сѐ што е планирано во однос на подготовките на националниот тим, суперпобеднички „воспитан“ стручен штаб…
- Од обезбедување место во повластен барабан до поминување на групата, каде што се Данска, Португалија, па и Романија. Тоа се нашите амбиции, скриени, јавно искажани или наметнати.
- „Бојот се бие во срцето на јунакот“, е дело посветено на животот на македонскиот фудбалер, Андреј Лазаров кој почина во големиот пожар во дискотеката Пулс во Кочани.
- „Некаде помеѓу небото, Оризари, Кочани, Скопје, Кавадарци, Загреб и Нова Горица живее духот на Андреј Лазаров, момчето кое се всели во срцата на многумина“, беа зборовите кои одекнаа во тишината посветена на фудбалерот со големо срце, кое не успеа да се избори во најважната битка по големата трагедија.
- Во рамки на промоцијата одржана во Кочани, беа изложени и лични предмети на Андреј, неговите фудбалски дресови, копачки, топка и фотографии, кои на присутните им овозможија уште еднаш да се потсетат на неговиот живот и љубовта кон фудбалот.
- Македонската фудбалска репрезентација во петок ја очекува нов тежок предизвик во Лигата на нациите. Избраниците на Гоце Седлоски гостуваат кај Шкотска на „Хемпден парк“ во Глазгов, во натпревар од петтото коло во групата Б1, кој започнува во 20:45 часот.
- За Македонија ова е нова шанса да ја прекине црната серија во ова издание на Лигата на нациите. Нашата селекција по четири одиграни натпревари е без бодови, со четири порази и гол-разлика 0-10, а дополнителен „проблем“ за Седлоски ќе биде отсуството на Бојан Миовски. Напаѓачот на Глазгов Ренџерс не доби повик за овој репрезентативен прозорец поради малата минутажа во својот клуб.
- Македонија 12 натпревари по ред нема победа, а 8 средби по ред нема постигнато гол.