ФФМ ги соопшти цените за мечот против Германија
3 октомври 2021
- На 4 октомври стартува продажбата на билетите за квалификацискиот мундијалски натпревар на македонската фудбалска репрезентација против Германија, кој ќе се одигра на 11. октомври на Градски.
-
Ќе се продаваат електронски по цена од 100, 300 и 500 денари преку системот на MKTickets и на билетарата на стадион, која ќе биде отворена на 9, 10 и 11 октомври во периодот од 10:00 до 18:00 часот.
-
Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со приложен документ за идентификација.