- Македонскиот таеквондист, Дејан Георгиевски кој со освојувањето на сребрениот медал во Токио испиша нова олимписка страница во македонскиот спорт, продолжува да реди успеси.
- По освојувањето на среброто на престижниот Президент Куп во Драч, Албанија, кој се одржа пред две недели, Геориевски го повтори истиот успех на турнирот „Софија Опен“.
- „Во финалето загуби од Гарсија Мартинез од Шпанија, но мораме да потенцираме на почетокот на борбата дека се стекна со повреда, која фала му на Господ не е опасна. Втор Г класа турнир годинава и втор медал. Овој континуиран успех во еден олимписки спорт е досега непознат за македонски спортист откако оваа држава е независна. Ќе дадеме сè од себе тоа да продолжи и понатаму“, изјави неговиот тренер Дарко Костовски.
- „Бојот се бие во срцето на јунакот“, е дело посветено на животот на македонскиот фудбалер, Андреј Лазаров кој почина во големиот пожар во дискотеката Пулс во Кочани.
- „Некаде помеѓу небото, Оризари, Кочани, Скопје, Кавадарци, Загреб и Нова Горица живее духот на Андреј Лазаров, момчето кое се всели во срцата на многумина“, беа зборовите кои одекнаа во тишината посветена на фудбалерот со големо срце, кое не успеа да се избори во најважната битка по големата трагедија.
- Во рамки на промоцијата одржана во Кочани, беа изложени и лични предмети на Андреј, неговите фудбалски дресови, копачки, топка и фотографии, кои на присутните им овозможија уште еднаш да се потсетат на неговиот живот и љубовта кон фудбалот.
- Македонската фудбалска репрезентација во петок ја очекува нов тежок предизвик во Лигата на нациите. Избраниците на Гоце Седлоски гостуваат кај Шкотска на „Хемпден парк“ во Глазгов, во натпревар од петтото коло во групата Б1, кој започнува во 20:45 часот.
- За Македонија ова е нова шанса да ја прекине црната серија во ова издание на Лигата на нациите. Нашата селекција по четири одиграни натпревари е без бодови, со четири порази и гол-разлика 0-10, а дополнителен „проблем“ за Седлоски ќе биде отсуството на Бојан Миовски. Напаѓачот на Глазгов Ренџерс не доби повик за овој репрезентативен прозорец поради малата минутажа во својот клуб.
- Македонија 12 натпревари по ред нема победа, а 8 средби по ред нема постигнато гол.