- Наполи игра неверојатна сезона и е близу до остварување на сонот скудето кој 33 години го сонува цел град.
- Неапол последен пат се радуваше на шампионска титула во 1990-та година кога Диего Марадона им донесе скудето.
- Овојпат играат блескава сезона, имаат 16 бода повеќе од второпласираниот и речиси е извесно дека ќе станат шампиони. Најзаслужен за ова е тандемот Осимен-Кварацкхелија.
- Грузиецот кој е најпријатно изненадување во цела Европа и игра неверојатен фудбал со многу голови и асистенции, веќе е идол во Неапол, па така еден пар решил на новороденото бебе да му го даде името Квича по грузискиот репрезентативец кој го гледавме и во Скопје. Родителите Армандо и Клара добиле здраво машко дете на 31 март во клиниката „Света Патриција“ и решиле да го крстат Даниеле Квича.
- „Бојот се бие во срцето на јунакот“, е дело посветено на животот на македонскиот фудбалер, Андреј Лазаров кој почина во големиот пожар во дискотеката Пулс во Кочани.
- „Некаде помеѓу небото, Оризари, Кочани, Скопје, Кавадарци, Загреб и Нова Горица живее духот на Андреј Лазаров, момчето кое се всели во срцата на многумина“, беа зборовите кои одекнаа во тишината посветена на фудбалерот со големо срце, кое не успеа да се избори во најважната битка по големата трагедија.
- Во рамки на промоцијата одржана во Кочани, беа изложени и лични предмети на Андреј, неговите фудбалски дресови, копачки, топка и фотографии, кои на присутните им овозможија уште еднаш да се потсетат на неговиот живот и љубовта кон фудбалот.
- Македонската фудбалска репрезентација во петок ја очекува нов тежок предизвик во Лигата на нациите. Избраниците на Гоце Седлоски гостуваат кај Шкотска на „Хемпден парк“ во Глазгов, во натпревар од петтото коло во групата Б1, кој започнува во 20:45 часот.
- За Македонија ова е нова шанса да ја прекине црната серија во ова издание на Лигата на нациите. Нашата селекција по четири одиграни натпревари е без бодови, со четири порази и гол-разлика 0-10, а дополнителен „проблем“ за Седлоски ќе биде отсуството на Бојан Миовски. Напаѓачот на Глазгов Ренџерс не доби повик за овој репрезентативен прозорец поради малата минутажа во својот клуб.
- Македонија 12 натпревари по ред нема победа, а 8 средби по ред нема постигнато гол.