Кошарка

Крај на една голема епоха, стоечки овации за легендата Скола

Многумина ја знаат историјата на Луис Скола и неговата вечна страст кон кошарката и својата земја. Аргентинецот на 42 години се збогува со националниот дрес на Олимписките Игри во Токио.

Тивкиот херој на Олимпијадата - Луис Скола доминира и на 42 години

Ветеранот кој во кариерата играше со кошаркари кои веќе повеќе од една деценија не се активни, растура за својата Аргентина без разлика на годините

Американците за Дончиќ пред да биде драфтуван

Не бил доволно брз, немал атлетски физикус или со други зборови не бил ништо посебно како играч. Така од прилика звучеа прогнозите за европскиот првак и МВП на Реал Мадрид на свои 18 години. Три години подоцна, овие што ги има на видеово подобро нека се прават наудрени нека не се они. 

Во што се разликува баскет 3 на 3 во однос на кошарката?

Еден од новите спортови воведени на игрите во Токио е и баскетот, кој некако кога ќе се спомне, не навраќа на детството и маалскиот живот. Ако бевме 9 души имаше и бољи пар, а тој што паузираше одеше по вода кај првиот комшија со чешма во двор.

Одржан НБА драфтот, Детроит и Орландо со џек-пот

Во ноќта меѓу четврток и петок со почеток од 02 часот после полноќ по наше време се одржа НБА драфтот 2021 во „Барклајз Центар“ во Бруклин.

Кошаркарски дебакл на Македонија од 66 поени разлика

Од Олимписките игри во Токио, за момент се селиме во Софија. А таму, што да видиме.

Историскиот деби олимписки настап на Лука Дончиќ

Ману Џинобили кој тежи 4 НБА титули, титула во Евролига и златен медал на Олимпијада, за настапот на словенечкиот феномен против неговата Аргентина напиша: Страшна доминација на Дончиќ. Ѕвер.

Милвоки е во транс, шампионите се појавија на улица

По пауза од 50 години, Милвоки Бакс ја слави шампионската титула во НБА лигата. Јанис и другарите направија парада со отворен автобус и го извадија цел град на нозе.

Видеото кое најдобро ги демонстрира емоциите на Јанис за титулата

Во 2014-та твитна дека никогаш нема да го напушти Милвоки сè додека не изградат тим на шампионско ниво, твит на кој се воодушеви и Коби и му постави цел. Целиот труд и напорна работа надополнети со тешкото минато без пари, документи и мачење во сиромаштија ги содржат овие солзи.

Од беден живот во Грција 18 години на црно, до тронот во НБА

Мајкл Џордан и Леброн Џејмс ги освоија првите шампионски титули на 27 години. Јанис Андетокумбо на 26. И тоа со минато како уличен продавач без документи, кој бил на штрек да не го фати полиција.

Експлозија на Јанис со 50 поени, за прва НБА титула на Милвоки после 50 години

Со неверојатен пресврт од 0:2 на 4:2 во финалната серија, Милвоки ја врати титулата во својот дом по пауза од половина век. Бакси станаа само втор тим во историјата на НБА после Мајами во 2006-та, кој успеал да се врати и да направи ваков подвиг.

Цепелин на Андетокумбо во последниот напад за целосен пресврт на Милвоки

По пауза од 50 години, кошаркарите на Милвоки Бакс се на една победа до освојување на шампионската титула во НБА. По загубените две средби, Бакси сега водат 3:2. Крајот беше драматичен. Феникс испушти напад за победа.

Ѕвезда од НБА се обидел да купи вакцини за цела БиХ

Голем број на Босанци го загубија животот во битката со Ковид 19, па во обид да помогне, се ангажирал Јусуф Нуркиќ од Портланд кој загубил роднини меѓу кои и баба му.

Лудата рампа на Јанис, клучна за 2:2 во НБА финалето

На водството од 2:0 на Феникс, кошаркарите на Милвоби Бакс одговорија во голем стил и со две добиени партии на домашен терен го израмнија резултатот и ја разгоријата битката за титулата, која постои големи шанси да се одлучива со мајсторка.

Дремеш во дуќан на полноќ и ти се појавува МВП-то од НБА

Остај ти МВП, пивце му снемало на човекот. Лето е.

Импресивната тимска акција на Феникс

Кошаркарите на Феникс санс се на пола пат до првата шампионска титула во НБА лигата, откако го совладаа Милвоки Бакс и водат со 2:0 во финалната серија. Јанис Адетокумбо повторно одигра врвна партија, ама сите зборуваат за тимската акција на Сонцата.

Мурињо почна со циркузи во Рим

Полна сала, сите дојдени да го видат и слушнат легендарниот Жозе како нов тренер на Рома. Му засмета една црна завеса од страна која му шушкала па стана и ја тргна. „Туто бене“ им вика на присутните.

Харден сопрен во Франција поради марихуана

Суперѕвездата на Бруклин Нетс и член на дрим-тимот кој ќе патува летово во Токио, Џејмс Харден своите денови од одморот ги поминува во Париз но таму имал една неубава епизода со полицијата која го легитимирала. Наводно полицијата ги застанала него и раперите Кање Вест и Лил Бејби поради мирис на марихуана.

Јанис се врати силен како бик, ама Феникс поведе 1-0 во НБА финалето

Фантастичен баскет на двата најдобри тима во моментов во НБА, финале какво што доликува. Во Аризона, пред своите гледачи Санс поведоа со 1:0.

Лука Дончиќ и еден словенечки збор кој не му текна

Лука Дончиќ блескаше цела сезона а најмногу кога беше најпотребно и ја поведе Словенија во голема победа против Литванија на гости за пласман на ЛОИ 2021 во Токио. Лука на прес-конференцијата не можеше да се сети на еден збор на словенечки па продолжи како знае.

Која е жената ангел-чувар во репрезентацијата на Шпанија?

Сигурно ретко кој од вас обрнал внимание на клупата на Шпанија на ова Европско па и на претходните големи турнири, за да може да ја забележи дамата која постојано е тука околу кога играат Шпанците. Таа контролира сè.

Мајсторија на Нејмар во негов стил

Во последно време повеќе го зборуваат за исценирани фаули, глума и неспортско однесување, ама Нејмар во полуфиналето на Копа Америка против Перу кое Бразил го доби со 1:0 покажа зошто е број 10 во селесао.

Упад на пресот на Дончиќ за делириум на Словенците

Кошаркарската репрезентација на Словенија ќе дебитира на Летните олимписки игри, а најголемите заслуги за тоа одат кај Лука Дончиќ. Ѕвездата на Далас експлодираше со брилијантна партија и прв трипл дабл за националниот тим против Литванија вреден пласман во Токио.

16 од 26 фудбалери на Швајцарија се од семејства на имигранти, како се однесува земјата кон тоа прашање?

Во понеделникот голема сензација направи Швајцарија која до 81’ минута губеше 1-3 од Франција но за само десет минути израмни преку Сеферовиќ и Гаврановиќ, потомци на босански имигранти кои го однесоа мечот во продолженија.