Ноќ на безобразни забивања во НБА

Она што изминатата вечер се случуваше во НБА, ретко се гледа дури и во најдобрата лига на светот. Здивеа многу играчи кои куцаа како да е Суден ден.

Некои кошаркари никако не успеаа да се навикнат на новата топка во НБА која што ја заврши 38-годишната соработка со Спалдинг и од сезонава се врати на топките Wilson, кои ги користеше од основањето на лигата до 1983-та година.

Новата топка е направена по иста технологија и дури од исти материјали. Wilson и Spalding имаат еден ист добавувач на кожа за топки. Некои кошаркари за своите промашувања и лоши додавања се вадат дека топката не е доволно мека, необична била, па и шутевите немале да бидат стабилни.

Но ова не важи за сите шутеви, зошто иако на стартот на сезоната прецизноста на удари за два и три поени била помала во однос на минатата година, тоа не влијае на прецизноста на слободни фрлања.

А што е поинтересно, поголем е и процентот на успешни забивања.

И кога во една вечер ќе има 13 врвни забивања, тоа е доказ дека може да се организира акробатски концерт.

Да почнеме:

Ендрју Вигинс (Голден Стејт)

Гери Пејтон-јуниор (Голден Стејт)

Ентони Едвардс (Минесота)

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by NBA (@nba)

Зак Лавин (Чикаго Булс)

Еден од најдобрите забивачи во НБА, Роберт Вилијамс од Бостон (има по 2,4 забивања по натпревар во просек):

Џелејн Грин (2 пик на драфтот 2021, Хјустон) 

Кевин Портер (Хјустон Рокетс) 

Ламело Бол (Шарлот Хорнетс) 

Мајлз Бриџис (Шарлот Хорнетс)

Џаред Ален (Кливленд Кавалирс)

(Џаред Ален е лидер сезонава по број на забивања, досега има вкупно 38, зад него се неговиот соиграч Еван Мобли со 29 куцања колку што има и Монтрез Харел од Вашингтон) 

А имаше и вакво нешто во НБА:

11 ноември 2021 - 15:34