Кошарка

Перо Антиќ е новиот претседател на кошаркарската федерација на Македонија

На достоинствен начин, како и што доликува, без сцените од изминатите избори за прв човек на МКФ, денес најпрославениот македонски кошаркар Перо Антиќ беше избран за претседател.

Кавај Ленард како современ Џордан - победа во плејоф со звук на сирена

Кошаркарите на Торонто ќе играат во финалето на Истокот од НБА, откако синоќа ја совладаа Филаделфија ’76 со кош на Кавај Ленард во последната секунда со звук на сирената - потег каков што немало во историјата на Game7 од плејофот.

Како Перо место во Барселона заиграл во НБА

По скандалот за ФИРОМ во Евролигата решил на даљинското да стисне муте и да не дава повеќе интервју, па затоа сега после неколку години можеме да го чуеме отворено на повеќе теми. Од тоа како во одбрана на колега фатил двајца американски џандари за рамо, па до откривањето на две врвни имиња кои ќе едуцираат тренери во Македонија ако стане прв човек на МКФ.

Мајсторот со фрљотки кој не можеш да го изнагледаш

А толку пука со самодоверба просто да му позавидиш како може да е толку голем цар.

Култните Вејд и Новицки ги одиграа последните средби пред своја публика

Уште две легенди со кои пораснаа многу генерации го истрчаа последниот круг пред своите навивачи, во салите во кои освојуваа трофеи, славеа победи, признаваа порази. Крај на кариерата за Дирк Новицки и Двејн Вејд.

Охриѓанецот го изнасмеа Шекил О’нил со вилицата

Турскиот репрезентативец Џеди Осман ја насмеа НБА публиката, откако на мечот Кливленд - Шарлот Хорнетс во еден момент додека шутираше слободно фрлање, издиша со сета сила.

Хјустон постави нов рекорд на постигнати тројки на еден меч

„Рокетси“ погодија 27 тројки од 57 обиди во домашниот убедлив триумф над Феникс и поставија нов рекорд во НБА лигата по број на прецизни шута за три поени.

Ти реков да не играш еден на еден со мене

Има една епска кошаркарска сцена од НБА финалето 1998-ма кога Џордан му скрши кичма на Расел во игра еден на еден во последни секунди. Верувајте дека овој полошо пројде.

Готово, го имаме победникот на денот

Добро во што се кладел овој за да испадне “победник“ пред толку многу луѓе м? Обично за кош од центар во НБА даваат по 10.000 долари. А што е па тој крив, кога таа не ја пратеше акцијата.

НБА ѕвезда од Европа се соочува со затворска казна поради наводно силување

Полицијата во Њујрок денес отвори истрага во врска со обвинението дека кошаркарот на Далас Маверикс, Кристапс Порзингис пред околу една година силувал девојка.

Англиски клуб со навивачите смислил убав начин да помогне свој фудбалер

28-годишниот стопер на англискиот четвртолигаш Њупорт, Фрејзер Френкс минатата недела објавил дека ја завршува професионалната играчка кариера поради проблеми со срцето, а управата и навивачите смислиле супер начин да му се најдат во неволја.

Женската верзија на Леброн Џејмс што прави чуда

Се вика Јоана Милер. На времето играла за женскиот тим на универзитетот Северна Каролина и во првата дивизија на Лос Анџелес лигата.

Крис Пол го прати Диџеј Вилсон во соседната сала

Милвоки го совлада Хјустон со 108:94, а потегот на мечот го направи Крис Пол кој не само што остана сам лабаво да си шутне тројка, туку му ги исчаши зглобовите на Диџеј Вилсон и буквално го упропасти во овој дуел. 

По драматична и динамична кошарка во живот не сте гледале

Фудбалската репрезентативна треска со Пандев, Елмас и другарите ќе ја разбиеме со три кошаркарски епски видеа измислени за нашиот сајт. Ова ќе му дојде нешто како НБА пародија. Уште Миле Паника им фали.

Графит на денот за господин 31.424 поени во НБА

Далас Маверикс синоќа имаше мистериозен Твит на кој ги имаше следниве бројки: 41.21.1. Многумина мислеа дека е оваа најава за негова пензија, но тоа значело нешто друго. Потоа царот имаше историска вечер. Го мина легендарниот Вилт Чембрлејн на листата на стрелци.

Секој би посакал пријателче како тој со број 50

Остај ти муабетот ако сум највисок и најдебел, тогаш сум најјак, нема на никој да му додавам и ќе шутирам колку сакам и од каде сакам. Срце бе има дебелково, срце планина. 

Жестока тепачка во НБА на мечот Кливленд - Торонто

На секунда пред крај на 3. четвртина, центарот на Торонто Серж Ибака му се сипа на ривалот од Кливленд Маркис Крис

Како изгледал првиот и последен Ол-Стар меч и забивањата некогаш во Југославија

Единствениот натпревар на „Сите ѕвезди“ во легендарната југословенска кошарка, се одржал во сараевската сала „Скендерија" на 7 мај 1991 година. Се одржувал духот на братство и единство, но се приближувал ужасот на војната.

За едно легендарно ракување во НБА лигата

8 април 2003-та: Едно младо момче по име Леброн Џејмс се поздравува со својот идол Мајкл Џордан.

Па добро бе Леброн, луѓе дошле кошарка да гледаат

Снуп Дог беше еден од последните кој излезе јавно и фрустрирано кажа дека својата сезонска карта за дуелите на ЛА Лејкерс ја дава за 5 долари. Снуп е во право, а и сите навивачи на клубот кој игра уште една очајна сезона.

Врвен маалски потег на Јокиќ против Лејкерс

Во триумфот на Денвер Нагетс над ЛА Лејкерс со 115-99, Никола Јокиќ освен што даде 12 поени и имаше 17 скокови и 8 асистенции, направи и една добра зафрканција додека топката одеше во аут.

Игра за Кливленд и Турција, а Македонија од уста не ја вади

Зборува турски, српски, македонски и англиски, омилено јадење му е бурек, а најмногу сака да оди на одмор во Охрид. Иако Македонија ја напуштил на 4 години и игра за селекцијата на Турција, сепак Џеди Осман е наше дете и постојано и прави реклама на нашата земја.

Неизмерна братска љубов кон сестра

Малиот е шампион, а видеово треба да се пушта во предучилишни установи.

Леброн, дрво дефанзивно

Има 32.195 поени во кариерата и сега му фалат уште само 97 за да го стигне Џордан кој е четврти на вечната листа. Со 8.535 асистенции од вчера влезе и во топ 10 листата на асистенти во историјата на НБА лигата. Сето ова е ТОП, ама во одбрана е споменик.