Во 4. меч од финалето на Истокот во НБА, Атланта Хокс со 110:88 го совлада Милвоки Бакс. Блескаше Богдан Богдановиќ со 20 поени (6 тројки), 3 скока и 5 асистенции и 4 украдени топки. Хокс израмнија на 2-2 а проблем на Милвоки ќе биде повредата на Јанис Антетокумпо. После мечот Шекил О’Нил му се обрати на Богдановиќ на негов јазик.