Кошарка

Касиерка во Босна му влегла на Јокиќ со врвен муабет

Сегде го има. На ракија во клуб во Лас Вегас, на баскет со другарите во Сомбор, на коњички трки во Неапол и на крај во супермакет во Горажде, град во БиХ. Стигнал на каса со пивото, а касиерката која очигледно нема појма од спорт му рекла вака: „Леле сине колкав си, ти си само за кошарка“.

НБА со нов циркус - турнир среде сезона

Откако долго време се шпекулираше, конечно стигна потврда. НБА ќе ја реализира идејата со која сака да ја зголеми популарноста на лигата.

Обрадовиќ за деконцентрацијата на играчите со телефоните

Веројатно значи нешто ова кога го кажува човек со 64 клупски трофеи од кои рекордни 9 титули во Евролигата, освоени со пет екипи.

Највисоките играчи кои играле во НБА

Со висина од фасцинантни 222 сантиметри, младиот Французин Виктор Вембанјама кој како прв пик на драфтот летово беше избран од Сан Антонио Спарс влегува во редот на највисоките кошаркари на светот. Да се потсетиме кои се?

На пиво со Јокиќ во Неапол

Никола Јокиќ не е непредвидлив само со потезите на терен, туку и кога не игра кошарка. Човеков изгледа скроз не го интересираат мориња, јахти и ред други луксузи каде богатите спортисти обично се опуштаат после напорната сезона. Еден ден игра баскет во Сомбор со другарите од маало, друг ден го начекуваат на хиподром во Италија.

САД го спреми тимот за Светско, не се страшни, но се фаворити

На минатиот светски шампионат во Кина 2019, САД доживеа дебакл и со пораз од Србија го заврши Мундијалот на 7-мо место. И тогаш Американците дојдоа во шарен состав, без претешки суперѕвезди кои играа на претходните светски првенства во Шпанија и Турција.

Најдоброто од сезоната на Никола Јокиќ

Имаме 25 минутна кошаркарска поезија која Денвер Нагетс ја спакува во еден клип кој го изгледавме во еден здив. Точен, прецизен, непредвидлив, интелигентен, несебичен, рационален, моќен, самоуверен. Џокер е уникатен лик каков што немала НБА до сега. Владее со баскетот.

Шек и Џордан играат еден на еден на загревање

Снимката со кошаркарските ѕверки е од Ол Стар викенд 1996. Се зезаат, ама сите објективи се вперени кон нив. Шек демонстрира на дело што значи кога си помлад, послаб и поподвижен.

Јокиќ и Гордон со ракија во диско во Лас Вегас

Заслужениот одмор на НБА шампионот и МВП-то, од Сомбор продолжува во САД, каде со Арон Гордон и останато друштво се забавуваат во Лас Вегас со ракија.

Клучниот момент по кој Јокиќ стана број 1 во свет

Заборавете на сите приказни поврзани околу Никола Јокиќ и неговиот прогрес во кариерата. Го имаме најдоброто објаснување за патот на буцкото од Сомбор до САД. Браво, убав лик. А малиот пак едвај го издржа ова снимање.

Трема на денот

Првиот пик на драфтот Виктор Вембанјама е висок 226 см и не треба многу да скока за да ја закуца. Младичот поради кој во НБА деновиве владее голема еуфорија, го облече дресот на Сан Антонио, ама првите снимки клубот изгледа ќе ги избрише.

Го прашаа Виктор дали би го добил Мајкл Џордан еден на еден на 60 години

19 годишниот Виктор Вембанјама (226 см) против 60 годишниот Мајкл Џордан (198 см). Првиот пик на драфтот за 2023-ра смета дека искуството нема шанси со младоста.

Спарси побајаги откачиле по првиот пик на драфтот

Виктор Вембанјама вчера пристигна во Сан Антонио како ново големо засилување и прв пик на драфтот за 2023-та. Се работи за многу талентирано момче кое има само 19 години, а е висок 226 см. За него се крена огромна фама, ама не знаевме дека до толкава мера одлепиле во Тексас.

„Сака некој на баскет?“, 12 години подоцна

Двократниот МВП на сезоната во НБА и МВП во годинашниот плејоф, како и шампион со Денвер, не е на Бали или Малдини, туку одмара во родниот Сомбор каде ги собрал на баскет другарчињата од маало. Мангупиште.

Еуфорија во Тексас, Спарси на 40 степени го пречекаа Вембанјама

19 годишната француска сензација слета во Сан Антонио како прв пик на драфтот за 2023-та, а со негово доаѓање очекувањата во таборот на Спарси се големи. Го сметаат за наследник на Тим Данкан и суперталент кој може да испише нова историја за клубот.

Како помина НБА драфтот?

По пауза од 26 години Сан Антонио Спарс за прв пат бираа први, а изборот очекувано падна на долго најавуваната сензација Виктор Вембанјама, кој има само 19 години и е висок 223 см.

Прославата на Гробари и пресот на кој играчите го истушираа Обрадовиќ

Кошаркарите на Партизан ја добија мајсторката против вечниот ривал Црвена Ѕвезда и со 3:2 станаа шампиони во АБА лигата после пауза од 10 години. Лудница беше во Штарк арената, како што е впрочем цела сезона на нивните натпревари, а Жељко го направија потоп. Инаку Партизан сега е најтрофеен во регионалната лига со седум трофеи. Ѕвезда има шест.

Фантастична компилација на потези од Ненад Димитријевиќ

Позајмицата од Валенсија во Уникс Казан, на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ му ја донесе сезоната на кариерата. Ја заврши со 47 настапи од кои на 46 беше стартер, со просек од 15,8 поени, 5,3 скока, 3,2 асистенции, 1,2 украдени топки. Ја освои титулата во рускиот шампионат, прва и за него и за клубот и згора на сè беше прогласен за МВП на плејофот. ВТА лигата му посвети топ видео.

Барселона со метла за Реал Мадрид за нова шампионска титула

Навивачите на Барселона ќе уживаат во летото затоа што нивниот сакан клуб е шампион и во фудбалска и во кошаркарска лига на Шпанија. Синоќа во Мадрид, Барса одново го победи Реал и со убедливи 3-0 стигна до шампионска титула.

Драма во финалето на ракометна Лига на шампиони: Магдебург стигна до златото

Германски Магдебург е нов европски шампион! Во големото финале пред преполни трибини во Келн, бундеслигашот направи уште еден голем подвиг и го совлада фаворитот Киелце 30-29 (26-26). Ова е четврти пехар во европскиот Куп/Лига на шампиони за германскиот клуб кој во полуфиналето славеше на пенали против Барселона која промаши дури четири пати.

Некои нови клинци ќе играат за САД на Светско првенство

Пред секое големо натпреварување, дали Светско првенство дали Олимписки игри, главно прашање за кошаркарскиот турнир е во кој состав ќе дојде главниот фаворит. Дрим тимот.

Јокиќ и Мареј извадени со специјалци од лудата парада

Според проценки на полицијата во Денвер, околу 700.000 луѓе излегле на големата шампионска парада на Нагетс по повод прослава на титулата во НБА. Пред крајот, од целата толпа специјалци од SWAT единицата ги извлекле Никола Јокиќ и Џамал Мареј.

„Луѓе, дајте само да се напијам некое пиво“

Един и Коле од Арена Спорт имаат свежо, тазе интервју со новиот НБА шампион и МВП Никола Јокиќ. Со нив прави лежерен муабет и е некако свој на свое.