Кошарка

Дедо Мраз се повреди на натпревар на Чикаго Булс

Дедо Мраз привремено го прекина доставувањето пакетчиња додека ги санира повредите здобиени при неговиот обид да забие на божиќниот натпревар во НБА помеѓу Чикаго и Хјустон.

Евролига ТОП 10

Евролигата ги избра најдобрите 10 моменти од досегашниот тек на најелитното клупско кошаркарско натпреварување. На првото место е забивањето на Боби Браун од Монтепаски.

Тренерот на Филаделфија им купи сендвичи на 18.000 навивачи

Кошаркарите на Филаделфија со победата над Атланта во саботата ја прекинаа серијата од 5 порази, но по завршувањето на натпреварот нивните навивачи не беа среќни и го извиркаа тренерот Колинс, па тој мораше да им купи сендвичи на сите присутни.

Трилер завршница со триумфален крај на 2012 за МЗТ

Со тројката на Тодор Гечевски на 3 секунди до крајот, МЗТ Скопје го победи босанскиот клуб Широки со 71:72 и ја забележа 9-та победа во АБА лигата за успешен крај на 2012.

Со звукот на сирената X3

Кошаркарите од американското средно училиште Глечер од Монтана сигурно тренираат шутирање со звук на сирена. На натпревар од средношколска лига тие три пати погодија во последна секунда (на крај на прва четврина, на крај на последна четвртина за продолженија и на крај на натпревар за победа).

Цибона и стана редовен пациент на МЗТ

Како и на премиерниот натпревар за МЗТ во АБА лигата, кошаркарскиот шампион на Македонија по втор пат го совлада големиот фаворит, екипата на Цибона со 82:76.

Забивање на сезоната?

НБА лига на својот ЈуТјуб канал објави видео со забивањата на Харисон Барнс и Џералд Хендерсон како нивен избор за најдобри забивања во досегашниот тек на сезоната 2012/2013.

Трилер финиш на натпреварот Задар-Партизан

Кошаркарите на Задар и Партизан го одиграа најинтересниот натпревар во досегашниот тек на АБА лигата со инфарктна завршница во која за 14 секунди се случија три пресврти и беа постигнати девет поени.

Батум со 5x5 учинок

Во историјата на НБА лигата само 8 кошаркари успеале на натпревар да имаат учинок од барем 5 поени, скокови, асистенции, украдени топки и блокади. Последниот на кој тоа му успеа е Николас Батум од Портланд на натпреварот против Хорнетс.

Грифин од табла

ЛА Клиперс го совладаа Детроит и ја забележаа 10-та победа во серија, а неизоставен дел во нивните победи се и атракциите на Блејк Грифин како ова забивање по асистенција од табла од страна на Мет Барнс.

Најпопуларните НБА видеа на ЈуТјуб

ЈуТјуб каналот на НБА лигата ја премина границата од 1 милијарда прегледи. Одбележувајќи ја доминацијата на интернет, НБА објави компилација од нивните најпопуларни видеа.

Тесна победа на МЗТ против Крка

Кошаркарите на МЗТ прославија тешка, но важна победа за комплетирање на првиот дел од сезоната во АБА лигата. Во „Борис Трајковски" совладана беше и словенечка Крка со 92:88.

Маверикс ја уништија новогодишната песна

Секоја година НБА тимовите им праќаат празнични честитки на своите фанови, но Даласа Маверикс го одбраа погрешниот начин. Исто како и честитката на Коларов и кошаркарите на Далас имаа неуспешен обид да испеат празнична песничка.

Вака НЕ се положува

Обидот за поентирање на Ламар Одом од Клиперс на натпреварот против Далас е школски пример затоа како НЕ треба да се положува.

5 кошаркарски моменти на 2012

ФИБА Европа објави видео со највозбудливите 5 моменти кои ја одбележаа европската кошарка во 2012-та година.

Банана од судијата

Предраматичниот судија не сакаше да му дозволи на Крис Хамфрис од Бруклин Нетс да го изведе слободното фрлање додека се правеа измени, па реши да го блокира.

Двојниот цепелин на Клиперс

Клиперс славеа на гостувањето кај Чикаго Булс со 89:94, а свое шоу со 22 поени и 10 скокови имаше Блејк Грифин. Дел од ова шоу беше и двојниот цепелин со Џамал Крофорд.

Тивка кошаркарска традиција

Навивачите во САД имаат многу интересни традиции со своите кошаркарски тимови. На колеџот Џон Браун фрлаат тоалетна хартија, а на Тејлор Универзитетот во првите минути владее апсолутна тишина.

Како банкротираше Ален Ајверсон

Минатата година дознавме дека поранешната ѕвезда на НБА лигата, Ален Ајверсон банкротираше и покрај тоа што во својата кариера заработи повеќе од 150 милиони долари. Сега ги дознавме и причините за неговиот банкрот.

Нема непотизам во НБА

НБА тимот Шарлот Бобкетс го отпушти својот играч Кори Хигинс. До тука нема ништо чудно во оваа вест. Проблемот е што отказот го потпиша неговиот татко, претседателот на клубот, Род Хигинс.

Кралот на бунарите

Сме виделе многу „бунари" од слободно фрлање, но тоа што го изведе Брајан Окам од Апалачиан Стејт Универзитетот, дефинитивно е најлошото слободно фрлање во историјата на кошарката.

МЗТ немаше сили за уште еден подвиг

Кошаркарите на МЗТ Скопје одиграа уште еден солиден натпревар против екипа од евролигашки ранг, но немаа сили за во листата на изненадени фаворити покрај имињата на Цибона, Унион Олимпија, Цедевита и Задар да го додадат и Партизан.