Кошарка

Антиќ: КФМ е забавен магазин, кога тогаш ќе им удрам шамар

Нова епизода на релација Перо Антиќ – Кошаркарска федерација на Македонија. Нашиот поранешен репрезентативец реагираше жестоко кон првите луѓе на КФМ кои вчера го соопштија името на новиот селектор.

29 решавачки винери на Коби Брајант

Утринските НБА извештаи во иднина ќе бидат без учинокот на легендата на ЛА Лејкерс, Коби Брајант кој во жолтиот дрес од 1996 до 2014 година имаше дури 29 решавачки напади кои ги изведе во свој стил.

Коби замина во легендата со 60 постигнати коша

Еден од најдобрите играчи на светот се прости од омилената игра на начин на којшто им доликува само на великаните. Уфрли 60 поени и одржа емотивен говор по триумфот со Јута Џез.

20 години кариера во 2 минути

Јута вечерва му гостува на Лос Анџелес, меч за кој најскапата влезница изнесува 25.000 долари, а најевтината 900. И да има тепачки за карти е нормално. Легендата на Лејкерси го игра последниот меч во својата кариера посветена на еден тим, а ова видео е одлична најава за човекот кој освои 5 тутули и кој успеа да постигне 81 поен на еден натпревар.

Што прават момците од НБА драфтот во 1996-та

Стејплс Центар вечерва ќе му аплаудира за последен пат на Коби Брајант кој го игра последниот меч во кариерата. Сè почна пред 20 години кога се појавија многу идни ѕвезди во НБА лигата, но само еден од нив играше оваа сезона.

Нарачуваш парче пица и те служи Леброн

Прв ден на работа, како пица мајстор. Ги служи гостите и нормално муабети со нив и ништо не би било необично да не е во прашање еден од најдобрите светски кошаркари на денешницата.

Непризнатиот погодок на Кари од повеќе од пола терен

Актуелниот шампион славеше во Тексас против Сан Антонио после цели 19 години и 33 порази по ред од Спарси. Воините на тој начин ја прекинаа и серијата на тимот на Грег Поповиќ од 39 последователни победи на свој терен (48 со сè ланската сезона). Голден Стејт воедно го изедначи рекордот на Чикаго Булс од сезоната 1994/1995 со 72 победи во регуларен дел од сезоната. Јунак, кој друг ако не Стеф Кари со 37 поени.

Најнеобично спортско семејство

Поранешниот играч на ЦСКА Москва, Нижњни Новгород и српски репрезентативец, Бобан Марјановиќ е висок 221 см, а неговата сопруга Милица има 161 см.

10 најдобри моменти во кариерата на Ајверсон

Го викаа The answer/Одговорот, затоа што имаше одговор на секоја противничка одбрана. Си поигруваше со најдобрите дефанзивци во НБА и ќе остане запаметен како еден од најдобрите играчи во историјата на оваа лига.

Антиќ ја тужи њујоршката полиција и бара 25 милиони долари

Перо се одлучил да ја тужи полицијата во Њујорк поради грубото приведување и кршење на човековите права додека играше за Атланта. Тужба ќе поднесе и неговиот поранешен соиграч Табо Сефолоша.

Новиот Стеф Кари има 4 години

Пред две години малиот Таитус стана сензација на годината откако во едно студио даде повеќе кошеви од Шек, од Мета Ворлд Пис и на крајот го победи и Коби. Сега на четири години одново покажа што знае, кај Стив Харви во емисија.

Највисоките тополи во НБА денес

На времето знаевме за Романецот Мурешан кој со своите 2,34 беше највисокиот кошаркар кој играл во НБА лигата. Денес нема толку, но има приближно високи кошаркари во најдобрата лига на светот.

Солзи радосници за Шекил

Навивачка на Атланта Хокс не можеше да ги задржи емоциите од средбата со Шек, па се расплаче додека се фотографираа за време на ТНТ студиото во Атланта.

Како Пипен загубил 1,4 милиони долари

Соработниците на Скоти Пипен силно го уверувале да го ангажира познатиот финансиски советник Роберт Лун. Епилог на приказната: Пипен е пократок за 1,4 милиони долари, а Лун три години во затвор.

Тренерот кој различно се поздравува со сите

Помошниот тренер на кошаркарската екипа на Витман колеџот, Стивен Гарнет е популарен во градот Вала Вали во Вашингтон по тоа што пред секој меч различно се поздравува со своите играчи.

Акција на годината

Диџеј Стефенс од Ајова Енерџи тимот кој се натпреварува во НБА развојната лига, ја круниса акцијата на годината во оваа дивизија. Постигна 26 поени и беше најзаслужен за триумфот над Форт Вејнд од 108:105.

Грег Поповиќ: Боби е најсебичниот играч што сум го видел

Иако даде 19 поени за 14 минути со 4 скока и една украдена топка, високиот Бобан Марјановиќ беше суптилно критикуван од неговиот тренер. „Тој е еден од најсебичните играчи кои сум ги видел. Шутира баш секој пат кога ќе ја добие топката. Неверојатно! Утре треба да им се извини на соиграчите што е толку алчен. Сè прави само да го види своето име во весник", се насмеа и во свој стил се пошегува Поп со новинарите.

Кој каде тера во кошаркарска Европа

Новоформираната Лига на шампиони во кошарка има тапа буџет во однос на тоа што го има Евролигата, но таа нуди на пример 100.000 евра за секој што учествува, што не е мала пара за наш клуб. Нашите и дадоа поддршка, но во АБА лигата има раскол на таа тема.

Цепелинот на Мирза и Фрејзер на МЗТ - Работнички

Јане крцат, Бојси грмат од гостинскиот сектор, а Фамилијата од својот коп поведува песна која што ја прифаќа цела сала. Во еден момент Мирза му фрла цепелин на Фрејзер за ерупција во „лименката“. Скопје има(ше) градско кошаркарско дерби какво што ретко кој главен град во Европа има.

Како да се вратиш од 12 разлика за 31 секунда?

Екипата ти губи 12 разлика и има посед на 44 секунди пред крајот. Помирен си со пораз и си бркаш друга работа, несвесен дека разликата на противникот почнува да се топи со неверојатна пресија.

28 години, 28 тројки на Кари

Синоќешниот роденден, Стефон Кари го прослави со 60-та победа на 66 меча сезонава во НБА лигата и најава дека ќе го брка рекордот на Чикаго Булс кој броеше до 72. Во 2012/2013 постави рекорд во НБА со 272 тројки. Во 2014/2015 постигна 286, а оваа сезона до сега има постигнато 322. Еден од најдобрите шутери во НБА држи рекорд и на постигнати тројки на 136 натпревари по ред. А сега најдобрите 28 тројки на едно место.

Забивање во САД, Кина, Европа и Филипини

Си биле Американец, Кинез, Европеец и Филипинец. Виц нема да ви раскажуваме, а сепак ќе се смеете на глас.

Шутирај од таму колку сакаш, Кари верзија

Легендарната „Од таму шутирај колку сакаш" изговорена на средбата меѓу Македонија и Израел на ЕП 2009 е видео парче кое секогаш добро се лепи на лудите шутеви од тројка во последните секунди. Последната верзија е со рекордерот на тројки во НБА лигата.