Како Пипен загубил 1,4 милиони долари

Соработниците на Скоти Пипен силно го уверувале да го ангажира познатиот финансиски советник Роберт Лун. Епилог на приказната: Пипен е пократок за 1,4 милиони долари, а Лун три години во затвор.

На име на Пипен кој бил гарант, а малку знаел за тоа, советникот Роберт Лун земал банкарски заем од 1,4 милиони долари кои никогаш не ги вратил, пишува Чикаго Трибјун. Според судската документација, Пипен потпишал документ за позајмица за која бил погрешно информиран.
 
Во вторникот Роберт Лун (66), кој притоа работел и во големи компании како Морган Стенли и Леман Брадрс го осудиле на 3 години затвор.
 
Легендата на Чикаго Булс бил близу колапс и можел во вода да ја фрли 17-годишната заработка како врвен НБА играч. Неговото богатство е проценето над 20 милиони долари. Помалку од една година откако потпишал договор со измамникот, Пипен и сопругата Ларса добиле телефонски повик кој никогаш нема да го заборават.
„Бевме вознемирени многу во моментот кога нашиот сметководител нè извести дека постои големо сомневање Лун да земал голем дел од нашите пари и да направил малверзација со мојот потпис за да земе позајмица. Се почуствувавме измамени и предадени“, изјавил Пипен во судницата.

Помалку од една година му требало на Пипен да сфати дека неговиот финансиски советник се сомничи за банкарски измами. Во моментот кога му се доверил, му оставил на Роберт Лун да се грижи за 20 милиони долари.

Покрај затворската казна, судијата Чарлс Норгл му наложил на обвинетиот Луун да плати 1,16 милиони долари во Лидерс банката и да му плати отштета од 400.000 долари на Пипен.

Најдобрите 10 потези од богатата кариера на Скоти Пипен: