На три минути пред крајот од третиот период, кошаркарот на МЗТ Скопје Пенов бурно реагираше зошто домашните навивачи го плукале од трибините па судиите го запреа времето а по неколку секунди и го прекинаа мечот зошто сега нив ги плукаа навивачи на МЗТ. На крајот делегатот во консултација со судиската тројка донесе одлука мечот да се доигра утре од 18 часот без публика.
Црвена Звезда го уништи шампионот на Шпанија, Валенсија со 106:90 и со тоа стигна до клупски рекорд на поени во Евролигата. Перо Антиќ учествуваше само со три поени на мечот кои вредат за шест. Им направи јак лажњак на Шпанците и ја запали арената во Белград.
Кливленд никако да се тргне од апатијата која ги држи сезонава. Имаат 6 порази на последните 10 меча заклучно и со последниот од Лејкерс. Сега се четврто место на Истокот. Единствен кој нешто игра е Леброн Џејмс.
НБА е шоу. Не само на паркетот, туку и на трибините. За време на паузите за публиката се организираат разни игри. Така за време на полувремето од мечот Оклахома - Сан Антонио се одржа Oklahoma Lottery Victory Dance. Камерата по случаен избор наоѓа гледачи кои се натпреваруваат кој подобро ќе денса. Победникот добива 1.000 долари.
Од 31. март до 2. април ќе биде кулминацијата на „Мартовското лудило“ - Најдобрите 4 од 68 колеџ екипи од САД ќе играат во полуфиналето и финалето за големата титула. На патот натаму, бекот на Универзитетот Алабама Кримсон Тајд, Колин Секстон тргна во последните четири секунди на сè или ништо против Тексас A&M и го однесе неговиот тим во следната фаза.
Хрватската јавност е зачудена што 14-годишниот Кршеван Кларица реши да го носи жолто-црвениот дрес на Македонија наместо „коцкестиот“. Воодушевен од приемот во нашата земја, особено во Маврово каде тренирал.
Демар Дерозан од Торонто така одлучно тргна да ја куца со две раце, што успеа да исфрли играч од терен. Пазете ја само таа седмица како се радуваше на потегот.
Црвена звезда ја победи Игокеа во Јадранската лига и го обезбеди првото место пред плејофот (почнува 18. март) каде ќе игра против најпријатното изненадување сезонава, Морнар од Црна Гора. Младиот тренер на Звезда, Душан Алимпијевиќ (роден 1987) во еден момент од мечот збесна па сакаше да подели шамари.
На мечот Јута Џез - Минесота, крилото на Џезерите, Џеј Краудер почна да се буни против судиите после една нивна одлука и тргна кон првиот ред каде една навивачка имаше класна реакција на неговите зборови.
Средношколската американска кошарка не е извор само за идни Џордановци, туку и на оскаровци кои тешко дека ќе просперираат во кариерата со вакви потези. Мислиш некој го гаѓал со снајпер. Дете очај ти е потегов.
Се вика Rocky the Mountain Lion или скратено Роки. Пред некое време една девојка одби плишано мече од него за Валентајн, па и донесе огромна плишана мечка со која што ја поклопи. Синоќа против ЛА Клиперс барал гостински навивачи и ги начекал со машинка за шишање.
Се вика Тајлер Хадсон, дел е од средношколскиот баскет во САД и иако таму за секој втор се вика дека е голем талент, сепак детево е нешто повеќе. In your face.
Со ништо не може да се спореди тоа со ова време во кошаркарската лига поради која седевме до сабајле како вампири. Ги нема на тв повеќе ниту нив, ниту коментаторот кој му даваше посебен драж на секој НБА натпревар.
Поранешниот лидер на македонската кошаркарска репрезентација кој неодамна беше реизбран на чело на МКФ, ја открива најјаката можна понуда во кариерата која може да се слушне за кошаркар од нашиве простори.
Популарната американска пејачка, добитничка на Греми во минатото, Ферги ја испеа химната на САД пред почетокот на Мечот на сите ѕвезди во НБА. Коментарите за настапот уште не стивнуваат.
Во новиот формат на мечот на сите ѕвезди, тимот на Леброн го победи тимот на Стеф со 148:145 (31:42, 45:36, 33:34, 39:33). Статистиката во шутот за три поени зборува доволно за циркусот од кошарка синоќа: Team Stephen 17/65 Team Lebron 19/58.
На 19. февруари не чека уште еден Меч на сите ѕвезди во НБА. Ќе има цел куп тројки, забивања, весели потези, дриблинзи и чуда. Да се потсетиме што правеше најголемиот на сите времиња:
Почна од зафрканција, со печатени маици и капи Pop for President, но тренерот на Сан Антонио од изјава во изјава покажува зошто е голем. Последно што кажа е дека „САД мора на големо да го одбележуваат Месецот на историјата на црните луѓе зошто Америка и натаму е расистичка земја“.
Дирк Новицки иако годинава ќе наполни 40 години, тоj е стар и преискусен волк со 20 години кариера во Далас и шести играч во историјата на НБА со 50.000 минути поминати на терен. Дрејмонд Грин уште ли си во продавница или сакаш да те пратам уште еднаш?.