Само три екипи се подобри од Леброн Џејмс

По вчерашниот пораз на Кливленд од Сан Антонио, Џејмс уште повеќе го расипа лошиот учинок против актуелниот НБА шампион.

Од вкупно 31 тим во американската кошаркарска лига, кралот на кошарката е подобар во меѓусебните дуели од 28 екипи.

Процентуално најдобро му оди против Оклахома Сити со кои има учинок од 12 победи и само еден пораз, а редовни пациенти му се и кошаркарите на Шарлот Хоркетс кои ги победувал 34 пати и губел само пет пати.

Благодарение на соочувањата во плеј-офот Џејмс најголем број на победи остварил против Индијана Пејсерс со кој има учинок 38-22, а најмногу играл против Бостон Селтик, вкупно 62 пати со кои победувал 34 пати, а губел 28 пати.

Лидерот на Кливленд со поразот минатото коло од Спарси во меѓусебните дуели со нив сега има 14 победи и 20 порази, а останатите две екипи кои го победиле повеќе пати се Денвер 13-9 и Хјустон Рокетс 11:10.

Израмнет скор има со Далас Маверикс 14:14 и Сиетл Супер Соникс 4:4.

20 ноември 2014 - 17:00