Очекувана доминација на САД и Шпанија, Франција потклекна

Пау Гасол го предводеше домаќинот на 17. Светско првенство во победата против Иран на отворањето. Дрим тимот прими само 2 поени во втората четвртина од Финска.

Во последниот натпревар од првото коло на Мундијалот, „фуријата“ со 30 поени разлика го победи Иран (90:60). Најрасположен кај фаворитите за златниот медал, Пау Гасол постигна 33 поени, а имаше и 8 скока.

Гасол постариот имаше поддршка од неговиот брат, Марк кој уфрли 15 поени на кој додаде и 10 скока.

Во меѓувреме, САД демонстрираше сила против Финска (114:55), во дуел кој го обележа рекорд на континенталните натпреварувања, откако Финците постигнаа само 2 поени во вториот квартал.

Селекторот Мајк Кжижевски очекувано им пружи шанса на сите играчи, така што приликата ја искористија Клеј Томпсон со 18 поени кој имаше 4/7 во ударите за три поени. Удел во победата на јенките имаше и Ентони Дејвис со 17 коша.

САД натпреварот го завршија со 20 асистенции и дури 18 украдени топки.

Во најинтересниот дуел од првото коло, Бразил ја совлада Франција 65:63. Марселињо Уертас беше најефикасен играч на мечот со 16 поени, а веднаш зад него, Виериа додаде 10 коша.

Кај Французите Борис Дијао на своето конто на крајот имаше 15 коша и 6 скока.

РЕЗУЛТАТИ ОД СИТЕ НАТПРЕВАРИ ВО 1. КОЛО:

Група А

Србија - Египет 85:64
/Теодосиќ 15 п, 4 ск - Елгамал 12 п./
Франција - Бразил 63:65
/Дијао 15 п, Виеира 10 - Уертас 16, Виеира 10 п./
Шпанија - Иран 90:60
/Пау Гасол 33 п, 8 ск, Марк Гасол 15п, 10 ск./  - Камраија 18 п./

Група Б

Хрватска - Филипини 81:78
/Богдановиќ 26 п, 5 ск., - Блач 28 п, 12 ск./
Порторико - Аргентина 75:98
/Бареа 24 п, Балкман 10 п - Скола 20 п, Ночиони 11 п/
Грција - Сенгал 87:64 (45:17)
/Кајмакоглу 17 п, 8 ск, 2 ас - Диенг 21 п, 14 ск, 3 украдени топки/

Група Ц

Украина - Доминиканска Република 72:62 (27:27)
/Кравцов 13, 7 ск - Гарсија 18, 4 ас, 3 ск/
Нов Зеланд - Турција 73:76
/Вепстер 22 п, Ло 11 п - Саваш 16 п, Прелџиќ 14 п/
САД - Финска 114:55
/
Клеј Томпсон 18 п, Ентони Дејвис 17 п/

Група Д

Ангола - Ј. Кореа 80:69 (36:18)
/Мореира 16 п, 10 ск - Ким 15 п, 5 ас, 4 ск/
Австралија - Словенија 80:90 (43:49)
/Бејнс 21 п, 7 ск - Драгиќ 21 п., 7 ск, 4 ас/
Мексико - Литванија 74:87 (41:45)
/Круз 21, 4 ск, 4 ас - Валанчинуас 17 п, 5 ск/

31 август 2014 - 01:46