МЗТ Скопје триумфално во Љубљана

Кошаркарите на МЗТ Скопје приредија уште едно изненадување во АБА лигата. По четири порази македонскиот шампион во 7-то коло триумфираше на гостувањето кај Унион Олимпија во Љубљана.

Проработе четата на Алеш Пипан и тоа токму против неговите Словенци. На натпревар со многу грешки (17 загубени топки на Олимпија и 18 на МЗТ) и слаба реализација на двете страни (процентот на реализација на Унион беше 33%), македонските кошаркари на крајот беа поумешни и триумфираа против екипата предводена од Сашо Филиповски со 60:64.

МЗТ имаше водство во текот на целиот натпревар, а во втората четвртина водството беше и двоцифрено. На полувремето резултатот гласеше 26:37.

Со поагресивна игра во вториот дел домаќините полека ја топеа предноста, а на три минути до крајот Олимпија израмни (57:57). Но на минута до крајот Кејд Дејвис постигна клучни поени и изнуди лична грешка по што МЗТ повторно поведе со 57:60. Во следниот напад Дејвис постигна уште два поени за +5 (57:62). Во следниот напад Олимпија намали на 60:62 и во последните 20 секунди имаа уште еден напад за победа, но Прелепиќ не реализирше за три, а Николовски со две реализирани слободни фрлања ги постави конечните 60:64.

Најефикасен во редовите на МЗТ беше Тодор Гечевски со 15 поени, а Кејд Дејвис постигна 11.

Во следното коло МЗТ Скопје ја пречекува екипата на Цедевита.

5 ноември 2012 - 22:46