Лејкерси ја открија статуата на Коби Брајант инспирирана од легендарната партија со 81 поен

Натпреварот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Денвер Нагетс на кој шоуто го украде Лука Дончиќ со асистенцијата на сезоната, имаше емотивна увертира. Откриена е статуата на Коби, една од трите планирани.

Статуата на една од најголемите кошаркарски легенди во НБА беше откриена синоќа на церемонија организирана пред арената Crypto.com

Присуствуваа неговата сопруга Ванеса, сопственичката на ЛА Лејкерс, Џини Бус, а дел од легендите беа Фил Џексон, Карим Абдул Џабар, Меџик Џонсон, Пол Гасол.

„Оваа статуа потсетува на Коби и е прекрасно сведоштво. Таа прикажува човек замрзнат во времето како не потсетува дека единствена причина што постои е тоа што личноста е бесмртна“, рече во говорот Џабар.

Инаку статуата го прикажува Коби со показалецот од десната рака насочен кон небото, моментот кога го напушта теренот откако постигна рекорди 81 поен против Торонто во јануари 2006 година.

Датумот за оваа церемонија беше симобично избран 2.8.24. Тоа се двата броја кои ги носеше Коби и бројот на неговата ќерка Џана, која загина со него во хеликоптерската несреќа на 26 јануари 2020 година.

Статуата ќе ја краси салата на Лејкерси и таа е една од трите планирани за човекот кој е единствен кошаркар во историјата на Лејкерси во чија чест се повлечени од употреба два броја: 8 и 24.

Коби Брајант им ја посвети на Лејкерси цела кариера која му траеше 20 сезони во кои освои 5 прстени. Се пензионираше во 2016-та како четврти најдоабр стрелец во историјата на НБА со 33.643 поени. 

Луда асистенција на Дончиќ каква што НБА нема видено сезонава

9 февруари 2024 - 13:19