Леброн одигра ѕверски, па ги подари патиките на дете од публика

ЛА Лејкерс со осма победа по ред направи серија каква што со години немал. На гостувањето во Тексас синоќа кај Сан Антонио (триумф 114-104) Леброн беше брутален со 33 коша, 3 скока и 14 асистенции и стана петтиот играч во историјата кој стигнал до бројка од 12.000 постигнати поени од игра во НБА.

Неколку од многуте страшни куцања (второто е најјако):

Бананата над Мареј од друг агол:

На крај многу добар потег за поздрав:

 

26 ноември 2019 - 09:59