Леброн го нападна Харден, па промаши слободни за победа

Кошаркарите на Хјустон Рокетс го победија Кливленд после продолженијата 105:103, благодарение на очајниот шут на Леброн Џејмс од слободни фрлања. Личен рекорд во НБА постави Црногорецот Никола Миротиќ од Чикаго Булс.

„Кралот“ Џејмс уфрли 37 поени, но даде само три од 11 слободни фрлања, од кои две промаши на четири секунди пред крајот и неговиот Кливленд го загуби дуелот со Рокетси. Да погодеше, Кливленд ќе победеше:

Во текот на третиот период, малку фалеше Леброн да се степа со Џејмс Харден, кој го удри кај што најмалку требаше:

„Брадата“ Харден и Леброн се влечеа и во продолженијата:

Во дуел на екипите за висок пласман, ЛА Клиперс го добија Чикаго Булс 96:86 и му ја расипаа вечерта на Црногорецот Никола Миротиќ кој го оствари својот НБА рекорд со 29 поени (11/23 за два) и 9 скокови.

Судијата Џој Крафорд направи несекојдневен потег:

Аситенција на Џими Батлер, реализација на Миротиќ:

Поентерскиот рекорд на Црногорецот кој игра за Шпанија: