ЛА Лејкерс ја совлада Индијана Пејсерс дури после продолженијата со 124:116 и во моментов имаат учинок од 10 победи и 10 порази.
Леброн Џејмс по мечот пауза поради суспензија, сега постигна 39 поени со 6 асистенции и 5 скока.
Ама оваа средба во Индијана ќе се памети по тоа што Леброн буквално го потегна за рака судијата Родни Мот и го убеди обезбедувањето во салата на Индијана Пејсерс да исфрлат двајца навивачи од прв ред кои наводно му дофрлале.
‘This one right fucking here!”, му покажува Леброн со прст на судијата кон прв ред:
Еден корисник на Јутјуб рекол дека бил присутен во салата и дека сите навивачи викале и урлале, а двајцата избркани оделе до таму што зборувале страшни работи за 17-годишниот син на Леброн.
Go ahead @RealSkipBayless, go ahead and let me see you defend this… pic.twitter.com/YcOrF9S4sa
— akiltinto (@akiltinto1) November 25, 2021
Изјавата зошто го влечеше судијата да ги избрка младите навивачи кои стоеа во прв ред:
„Ништо не ми смета, ама постои разлика кога навиваш за својот тим, му свириш на противникот, не сакаш да биде успешен и кога се преминува границата со непристојни гестови и зборови кои никој не треба да ги толерира“, рекол Џејмс.
Прочитајте уште и:
Во НБА се појави играч кој забива неверојатно и сите му се чудат