Во НБА се појави играч кој забива неверојатно и сите му се чудат

Дечкото има 20 години (роден 2001). Се вика Грег Браун III, а веќе втор пат во два неполни месеци забива со баскетот од под нозе.

Грег Браун III е веројатно непознат играч дури и за некои навивачи на неговиот тим Портланд Трејлблејзерс кои го избраа како 43 пик на драфтот минатово лето.

Тој играа на позиција крилен центар, а сезонава добива малку шанси па настапил на само 7 од 18 меча досега и постигнал скромни 2,3 поени во просек за 4,8 минути на паркетот. Ништо посебно вредно за споменување.

Ама...

Дечкото во последните два месеци втор пат влегува во топ листа на кошаркарските вести.

Првиот пат: лудо заби по ставање на топката низ нозе на меч од Летната лига

Вториот пат: дечкото пак разби обрач со лудо куцање од под нозе, овојпат на официјален меч од регуларниот дел во НБА лигата

НЕ МУ Е ПРВПАТ ДА КУЦА ЛУДАЧКИ

Грег Браун практично си обезбеди учество на конкурсот за најдобро забивање на Ол-Стар турнирот. Би можел да не се појави само доколку НБА реши да ги смени правилата според кои низ годиниве на овој турнир се бираа само резервни играчи.

Браун на времето се прославил и на универзитетот Тексас

Па дури и во средното школо Вандергрифт:

Во составот на Портланд Блејзерс е и Енферни Сајмонс, победник на минатогодишниот турнир во забивање на Ол Старот, а сега имаат уште еден „летечки лудак“ во екипата.

Грег Браун III го специјализирал забивањето познато како „Истбеј-данк“, наречено така во чест на легендарниот Ајзеа Рајдер кој во 1994-та година победи на Ол-Стар турнир во забивање со овој потег.

Но интересно и малку познато е дека НБА и воопшто светот на кошарката првпат го видела ова „Истбеј-данк“ забивање уште во далечната 1984-та кога Олрандо Вулриџ од Чикаго извел чудесно куцање

На Ол-Стар спектаклите слични забивања имаа и тогаш младиот Леброн Џејмс во 2004-та година и летечкиот Андре Игудала

Но онаму каде што треба многу поголема храброст за такво нешто секако се дуелите од регуларниот дел на сезоната, оние за победи и бодови. Во 2003 година Кливленд губел 20+ разлика од Филаделфија па Рики Дејвис од Кавалирс си дозволил вакво нешто

Успешен обид за „Истбеј-данк“ во 2013-та имал и Демар Дерозан но со нешто поинакво: пред неговото забивање низ нозе се слушнала судиската свирка за прекин на игра, така што неговиот обид и не е претерано ризичен и храбар во тек на резултатот.

Портланд синоќа го растури Денвер Нагетс кој веќе 4-ти меч играше без лидерот и МВП на НБА Никола Јокиќ. Во еден момент водеа 20-ина поени разлика па тоа му дозволило на Грег Браун III да си допушти ваков потег. А фала треба да им се каже и на Дамјан Лилард и Маколум кој уфрлија 25 и 32 поени во убедливиот триумф на Портланд Трејблејзерс над Денвер за 4-та победа по ред во НБА.

24 ноември 2021 - 14:46