
По девет сезони во НБА и три финалиња, Леброн повеќе не е некрунисан. Освен шампионскиот прстен, на МВП титулата од регуларниот дел на сезоната, тој го додаде и истото признание и од плеј-оф серијата.
„Кралот Џејмс" повторно беше најзаслужен за триумфот против Оклахома, овој пат реализирајќи трипл-дабл со 26 поени, 11 скокови и 13 асистенции.
Победникот на овој натпревар беше познат уште по третата четвртина кога Мајами имаше предност од 24 поени, а на крајот тие славеа со 121:106. Покрај Џејмс, се истакнаа и Крис Бош со 24 поени и Двајн Вејд со 20, а Мајк Милер постигна 23 поени со неверојатен шут за три поени од 7/8.
Кошаркарите на Оклахома први победоа во финалната серија, но потоа ги загубија силите и нанижаа четири порази. На овој натпревар во нивните редови најефикасни беа Дурент со 32 и Вестбрук и Харден со по 19 поени.
Дурент плачеше:
а на славјето на Мајами му немаше крај: