Кош на Кавај Ленард во последна секунда со звук на сирената

Кавај Ленард е јунак на вечерта во НБА. Ветеранот и двократен НБА шампион од 2014-та и 2019-та со Торонто, направи фантастичен продор и постигна кош меѓу пет противнички играчи во последна секунда од мечот кој ЛА Клиперс го доби 111-110 против Сакраменто Кингс.

Epa Images
Epa Images
Epa images

Џејмс Харден со 29 поени, 11 асистенции и 9 скока беше најефикасен кај ЛА Клиперс кој сега има 35 победи и 29 порази. Ивица Зубац уфрли дабл-дабл со 22 поени и 14 скока а јунакот Кавај Ленард на крај запиша 17 поени со четири скока и две асистенции. Дерик Џоунс исто имаше 17 поени.

Кај поразениот Сакраменто Кингс, 31 поен постигна ДеМар Дероузан а имаше уште и 10 асистенции и 7 скока. 30 поени на своето конто на крај имаше и Зак ЛаВине кој запиша и 7 скока.

10 март 2025 - 11:50