Канонада од тројки, Харден го остави Хјустон во игра

Кошаркарите на Хјустон Рокитс намалија на 3-1 во серијата со Голден Стејт, откако синоќа славеа 128-115. Овој натпревар беше рекорден по тројки во плејофот. Голден Стејт уфрли 20, а Хјустон 17 и тоа е најмногу во историјата.

ХЈУСТОН - ГОЛДЕН СТЕЈТ 128-115 (1-3)

Џејмс Харден им се придружи на Леброн Џејмс, Патрик Јуинг и Мајкл Џордан на листата играчи кои на еден плејоф натпревар имале најмалку 45 поени, 9 скокови и 5 асистенции.

Хјустон направи голема предност во втората четвртина, кога се повреди Стефон Кари при еден пад и не играше во следните 12 минути. Голден Стејт во последната четвртина имаше приклучок, но Харден со серија од 10 поени по ред ја реши секоја дилема.
 
Покрај Харден, ефикасен кај Ракетите беше и Џош Смит со 20 поени, а Двајт Хауард имаше 14 со 12 скокови. Кај Вориорси, Кари уфрли 23 поени, Драјмонд Грин 21 со 15 скокови, а Клеј Томпсон 24 (шест тројки). Следниот натпревар е утре вечер, кога Голден Стејт ќе има прилика да го завери финалето.

Харден го одржа Хјустон во игра: