Иако Ентони Дејвис броеше до 35 поени, неговите Њу Орлеанс Пеликанс загубија од најдобриот тим во регуларната сезона. Вориорс веднаш покажаа сила, штом противникиот се приближуваше, Стеф Кари одговараше на прави начин.
Кари го заврши мечот со 34 поени, а во „Оракл Арената“ Клеј Томпсон додаде 21 поен. На домашен терен Голден Стејт е во серија од 19 победи по ред. Кај Пеликанс, Богут и Драмонд Грин искомбинираа вкупно 27 поени, 26 скокови и 12 асистенции. Вториот дуел меѓу Њу Орлеанс и Голден Стејт се игра на истото место во понеделник.
Првите плејоф поени во плејоф кариерата на Ентони Дејвис:
Стеф Кари за МВП:
Хајлајтс од натпреварот ГС Вориорс - Њу Орлеанс Пеликанс:
Хјустон Рокетс имаше дури седум играчи со двоцифрен поентерски учинок против Далас. Во триумфот против Маверикс 118:108, Џејмс Харден уфрли 24 поени и 11 асистенции. Голем придонес во славјето на Рокетс имаа уште и Џонс со 19 поени и Тревор Ариза со дабл-дабл ефект од 12 поени и 11 скокови.
На Далас не му помогна ниту одличната партија на Дирк Новицки кој го заврши мечот со 24 поени и 8 скокови. Чендлер Парсонс уфрли 11 поени и 18 скокови, а Монта Елис броеше до 16. Вториот меч во Хјустон се игра за три дена.
Дабл-даблот на Џејмс Харден:
Новицки не можеше сам против расположениот Хјустон:
Ако Дерик Роуз продолжи да игра како синоќа, шансите на Чикаго ќе бидат сè поголеми. Роуз против Милвоки беше оној стариот пред повредата, уфрли 23 поени, имаше 7 асистенции во неговата прва плејоф партија после цели три години.
Булси славеа против Милвоки и ја отворија серијата на прав начин. Џими Батлер додаде 25 поени, а Арон Брукс 13. Кај Бакси, Мидлтон уфрли 18 поени, Иљасова 12.
Импресивното враќање на Ди Роуз во плејофот:
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Торонто – Вашингтон 86-93 после продолженијата (82-82) 0-1
Голден стејт – Њу Орлеанс 106-99 1-0
Чикаго – Милвоки 103-91 1-0
Хјустон – Далас 118-108 1-0