После петтиот меч во серијата меѓу Торонто и Голден Стејт, генералниот менаџер на тимот од Охајо, Боб Мајерс одржа необична прес-конференција.
Мајерс, целиот задишан и вознемирен, зборуваше за повредата на ахиловата тетива. Во еден момент заплака кога кажа дека луѓето кои му дозволиле на Дурент да игра ровит, се многу добри луѓе и немале никаква лоша намера:
Bob Myers is visibly upset as he announces Kevin Durant has an Achilles injury pic.twitter.com/DUM8V8awts
— Sports Illustrated (@SInow) June 11, 2019
„Кевин ја повреди ахиловата тетива. Не знам колкав е степенот на повреда, утре ќе има магнетна резонанца. Пред да се врати на терен, тој помина четири недели со лекарите, се консултираше со разни специјалисти, слушна разни мислења. Нам ни кажаа дека опоравокот оди добро. Лекарите му дозволија да игра, тоа беше заедничка одлука...
Сметам дека никој не може да биде крив. Но знам како функционира светот и ако треба, можете да ме кривите мене. Јас сум одговорен за се.
Да ви кажам нешто за Кевин. Кевин Дурент обожава да игра кошарка. Така што тие што сомневаа дали тој сакал да се врати во екипата, згрешија. Тој е прекрасен соиграч, одличен човек. Се е толку неправедно. Многу ме погоди сево ова зошто го знам. Верувајте дека сите кои работеа со него и му дадоа дозвола да излезе на терен се добри луѓе“.
Претходно во текот на петтиот меч против Хјустон Рокетс Дурент го повреди десното колено и скоро еден месец беше надвор од терените. Менаџерот на тимот Боб Мајерс рекол дека таа повреда немала врска со повредата на ахиловата пета синоќа.
Дурент одигра 12 минути (без замена) и постигна 11 поени. На почетокот на втората четвртина тргна во дриблинг преку Серж Ибака и во еден момент падна на паркетот.
Pay attention to how #KevinDurant right calf contracts violently. Beleive it or not, the strength of the gasteocnemius muscle contracting so quickly/forcefully is what tears the Achilles tendon. pic.twitter.com/odCSgdNiGF
— David J. Chao, MD (@ProFootballDoc) June 11, 2019
Ибака и соиграчите на Дурент од Голден Стејт му помогнаа на Кевин да стане и го изнесоа од теренот до соблекувалната. Притоа играчите на Торонто ги смируваа домашните навивачи кои гласно реагираа и се радуваа поради повредата на Дурент.
Kyle Lowry and the Warriors tell fans to stop cheering as Kevin Durant walks off with an injury. pic.twitter.com/UldE49bF22
— ESPN (@espn) June 11, 2019
Во еден момент дури и раперот Дрејк кој постојано е крај теренот и го бодри Торонто, го храбреше Дурент:
More than a game. Drake showed love to KD after his injury. pic.twitter.com/0rZTOm8cz8
— Bleacher Report (@BleacherReport) June 11, 2019
Повредата на Дурент значи дека тој сигурно ќе пропушти голем дел од следната сезона, а финалето за него и дефинитивно е завршено. За три недели, еден од најдобрите кошаркари во НБА ќе стекне статус на слободен агент и ќе може да бира нова франшиза или да остане во Голден Стејт.
„Ме боли длабоко во душава, не можам да кријам, но кога ги видов браќата како ја однесоа победата беше исто ко да сум пиел шот текила, се препородив“, напишал Дурент после мечот.
[video:https://youtu.be/C1nT2xN7cwo