Двократниот МВП и НБА шампион од 2021-ва, Јанис Адетокумбо е роден и пораснат на улиците на Атина во семејство на нигериски мигранти кои нелегално биле во Грција се додека ултра талентираниот кошаркар со нив не заминал за САД во 2013-та.
Дизни+ платформата на 24 јуни 2022-ра премиерно го пушти овој филм чиј еден од извршните продуценти е токму еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Јанис Адетокумбо.
Сиромаштија, немаштија, запознавање со кошарката, борба со бирократскиот систем се централни теми во семејната драма Rise.
Филмот почнува со историјата на младио пар Чарлс и Вероника Адетокумбо. Тие го оставаат своето првенче Френсис во родната Нигерија и доаѓаат во Европа во потрага по подобар живот. Таму им се раѓаат уште четири сина: Танасис, Јанис и помладите Костас и Алекс, сите четворица во иднина стануваат врвни професионални кошаркари.
Филмот е составен од детали од реалната биографија на браќата Адетокумбо.
- и помагаат на мајка им додека продава очила и накит (морале да помагаат со цел да соберат пари за нивно школување);
- родителите се обраќаат до социјална служба со цел да се легализираат (семејството Адетокумбо во Грција живеело без никакви документи и правен статус), а таму имаат тешкотии со изговорот на презимето;
- татко им дома им носи фудбалска топка (Јанис и браќата како мали сакале фудбал а татко им играл на времето во Нигерија);
Јанис и Танасис во филмот се прикажани и како првпат се среќаваат со кошаркарска топка (во реалниот живот двајцата не играле баскет дури до 2007-ма односно кога имале 13 и 15 години);
- На телевизија го гледале легендарниот Софоклис Скорцанитис (Јанис раскажал дека овој кошаркар со африканско потекло кој со голем успех играше за Грција и за неколку европски клубови му бил права инспирација и дури и тренирал со него кога Јанис имал 15 години, а го помагал и материјално нивното семејство);
„Имаме автентично семејство. Ние сакавме се да биде максимално близу до реалноста. Кошаркарските сцени ги снимавме буквално на истото игралиште каде што игравме и ние. Домот во кој живеат лицата во филмот е буквално во нашиот комшилук каде израснавме“, раскажува големата мега НБА ѕвезда.
А режисерот на филмот Rise, Акин Омотосо вели:
„Се стремевме кон автентичност и филмот го снимавме таму каде и што се случувале настаните. Се поврзавме со наследството на семејството и го продолжуваме“.
Фимот Rise (Подем) ја споделува материјалната и духовна сиромаштија и оваа граница ги поставува фундаменталните основни карактеристики на семејството Адетокумбо: нивната тешка социјална ситуација, сиромаштијата достоинствено прифатена и се гледа како причина за поплаки врз животот и светогледот. Тоа е едноставно карактеристика на моментална финансиска состојба.
Основната интрига на филмот е истовремено главното прашање за кариерата на Јанис: како се случило млад дечко кој првпат фатил баскет на 13 години, после 5 години да биде избран на НБА драфтот како голема ѕвезда во најава и талент во подем.
„Најдобриот обид да се разбере овој феномен е спакуван во репликата на Вероника (мајката на главниот јунак): „Дај сè од себе а Бог ќе ја заврши другата работа“.
Плус бонус: