Но во салата „Јане Сандански“ навивачите го видоа бисерот од Барселона, 17-годишниот Теодор Симиќ кој иако беше најмлад на теренот, стана најефикасен играч кај Македонија со дури 18 поени (три тројки). Теодор е блескава иднина за нашата репрезентација.
Тој е син на некогашниот македонски репрезентативец и кошаркар на Работнички и МЗТ Скопје, Тони Симиќ кој сега од клупата го води нашиот најтрофеен клуб од Градски Парк.
Македонската кошаркарска селекција по воведниот пораз од апсолутниот фаворит, вечерва во Киев од 18 часот игра против Украина која во петокот изгуби од Грузија.
Во вториот денешен меч од нашата група, Шпанија ја пречекува Грузија
Teodor Simic (2.14m, 17yo-2004) scoring 18 points against @FIBA World Champions 🥇@BaloncestoESP
— Jaime Alonso (@JaimeAlonso_) November 29, 2021
🏠 Playing at his home (Skopje) and representing his country, North Macedonia 🇲🇰
✈️ Flashback: Teo left Skopje to Barcelona to join @FCBbasket the 5th September 2018 at 14yo... pic.twitter.com/F7uGKcH6uU