Фудбалерите на Панама направија пресврт против Костарика со гол во 87-ма минута кој значеше пласман на Мундијалот во Русија, а кога почна да се игра судиското продолжение, што не се случи на терен само за да истечат тие пусти 3 минути во кои се решава нивното прво историско учество.
Прво едно од децата кое собира топки, направи нешто скроз обратно од тоа за што е ставен покрај аут линија, а потоа на терен влета една жена која сега е хит во Панама.
Таа се појави на терен и “случајно“ се онесвести, ама не се фрли еднаш на земја, туку три пати и не сакаше ниту да биде извлечена. За да ја спречат интервенираа четворица луѓе од обезбедувањето, па дури и еден од стрелците, Габриел Гомез.
Жената по мечот даде урнебесно јака изјава како да некој ултрас:
„Полицијата сакаше да ме извади, а јас се налутив и повторно се онесвестив. Кога Гомез ми пријде, му реков: Одиш на Светско првенство, да го ебам. Не ме сопирај.“
Веќе ја сместија и во албумот за Светско
¡Dale RT si quieres esta figurita en el álbum del Mundial! 😃😃😃 ¡Heroína! #VamosPanama #Rusia2018 pic.twitter.com/fm8pBOlSEp
— RPCTV Panama (@rpctvpanama) October 11, 2017