Фудбал

Последното Ел Класико на Зидан

Славниот Зизу кој вечерва дебитира на шпанското дерби како тренер, 2006-та година ќе ја памети по своето повлекување од фудбалот. Освен лошиот потег кога му удри глава на Матераци, тој имаше и неуспешна сезона со Реал. Пречка беше Барса со Роналдињо.

Како Рибери собира отпадоци

Баерн Минхен беше апсолутен фаворит против Ајнтрахт Франкфурт, но не го сомеле со четири, пет парчиња како што обично знае, туку победи со само еден гол, ремек дело на Франк Рибери во 20 минута.

Колбаси за најдобриот тренер

Клаудио Раниери е блиску до остварување на сонот со Лестер, а духот кој го пренесе во тимот се шири и во градот кој се надева дека во последните 8 кола сметките за титулата во Премиер лигата нема да се замрсат.

Последно римско дерби за рекордерот

Капитенот на Рома со 11 голови е најдобар стрелец во историјата на Лацио - Рома, меч на кој истрчал дури 40 пати во кариерата. Омразените ривали во недела го играат својот дуел од 15:00, но со веројатно најмал број гледачи во историјата на меѓусебните средби. Франческо Тоти по сè изгледа ќе го игра последното дерби во кариерата, затоа што уште нема најава дека ќе му биде продолжен договорот со клубот.

Најфини спортски шеги за 1-ви април

Клубовите најчесто ги забавуваат навивачите преку социјалните мрежи, а омилен ден за работа им е 1-ви април кога секаква шега може да пројде, па дури и оние невкусните.

300.000 евра за Германците ако станат Европски прваци

Германската фудбалска федерација ги објави премиите за репрезентативците кои ќе играат на Европското првенство во Франција.

Јави му се на Мино и завршен проблем

Менаџерот кај кого играчите сами доаѓаат, а не тој по нив во моментов работи на трансфер на Хенрик Михтарјан, Еременцот кој едвај избега од Донецк каде не го пуштаа по никоја цена.

Гол со грб кој им донесе пласман на ЕП

Уште еден глупав гол падна во рок од два дена, а овој имаше многу поголема вредност. При резултат 1:1, стоперот на Швајцарија поштено сакаше да ја исфрли топката од шеснаесетник, но неговиот несреќен обид и донесе гол на Данска и пласман на Европско првенство за играчи до 17 години.

Руската маскота на СП 2018

Анастасија има 21 година, ја викаат руската Кардашијан, а на следниот Мундијал сметаат дека ќе биде идната Лариса Рикелме која ја красеше трибината на навивачите на Парагвај на Светското во 2010-та. Инаку и она нема џеб за телефонот.

Бундеслигашот кој собра 1 милион евра за 9 минути и 23 секунди

Додека Лестер распаметува во Англија, во Германија историја пишува берлинска Херта. Германците се збогатија за плус милион евра во рок од девет минути во сезоната во која бркаат евро-купови.

Телефонски повик за местенка

Штом е толку итно овој или го бараат од кладилница за да прави некоја дубара или мајка му е, трето нема.

Само голманот го бива на Олд Трафорд

Рој Кин, Пол Сколс и Гери Невил се само дел од поранешните легенди кои жестоко го критикуваат тимот кој со нив беше Европски првак, а без нив не може да фати ниту место во ЛШ. Се изјасни и Теди Шерингам.

Стоп за трансфери на 10 италијански клубови ако продолжат вака

Италијанската фудбалска федерација по теркот на УЕФА ги заострува правилата во финансискиот фер плеј кој ќе ги тангира сите прволигаши.

Може ли да ја спасуваме Валенсија од испаѓање?

На местото на отпуштениот Гери Невил кој имаше мизерен учинок, Валенсија за главен тренер го постави Пако Ајестаран, долгогодишен помошник на Рафа Бенитез. На неколку кола до крајот, што може да се очекува од „лилјаците“?

Лужники - стадионот на кој ќе се игра финалето на СП 2018

Русија забрзано и активно работи на изградба и реновирање на фудбалските стадиони за Мундијалот кој се игра за две години. Легендарниот стадион во Москва на кој Челси и Ман. Јунајтед играа финале на ЛШ е во фаза на реновирање.

Бед Блу Бојс нападнаа футсалери

Навивачите на Динамо Загреб од пред некоја година раководат со футсал тимот на Динамо и со оглед на бојкотот на натпреварите на фудбалскиот тим, во голема бројка навиваат на футсал. На мечот против Национал исто од Загреб влегле во теренот и физички нападнале српски футсалери кои играат за оваа екипа.

Шпанија може да состави три репрезентации

Ако на Европското првенство е дозволено селекторот да може да понесе 33-ца, тогаш Дел Боске веќе ги има. Тој не треба да ги одбира, ете му ги на тацна, на секоја позиција има по тројца играчи кои може да играат за репрезентација. Па дајте некој наваму бре, што ќе ви се волку.

Ај седи доле

Дриблинг со кој го прати по цигари, пица-бурек и бурек со месо и пола кило јогурт.

Барселона го има наследникот на Иниеста кој се вика Рики

Ла Масиа не е во опаѓање со вадење таленти, а тоа го докажува детево кое веројатно за неколку години ќе стане славно име на Камп Ноу. Така барем покажуваат снимките на кои се издвојува и кој покажува дека Барселона ќе прави смена на генерации од својата академија.

Насловна страна на денот

Да не стоеше името, немаше шанси да погодиме кој е овој, па макар и да напишевме погоди кој сегашен тренер од Премиер лигата се наоѓа на насловнава.

Голот за Белгија во режија на браќата Лукаку

Првата репрезентација на светот според ранг листата на ФИФА, Белгија во своите редови ги има браќата Лукаку кои синоќа играа заедно откако помладиот Џордан Лукаку (21) влезе во игра. Џордан е лев бек во Остенде. Само две минути откако истрча на теренот му центрираше на брат му кој даде гол со глава. Белгија и во минатото имаше одличен братски тандем, Мбо и Емил Мпенза.

Маратонскиот меч кој мораше да заврши бидејќи се стемни

Кога две англиски екипи од пониските лиги се сретнале во куп натпревар, никој од гледачите не помислил дека за време на натпреварот ќе може да скокне до дома на чај, потоа да се врати на стадион и овие уште да немаат завршено.

Гардероберот со незгоден карактер кој стана лидер на Вест Хем

Му се уживало на плажите во родниот Мадагаскар и никако не сакал да се врати да игра фудбал во Франција, но татко му го убедувал да проба уште еднаш. Како Димитри Паје стана најголем адут на Франција за Европското првенство летово?