Фудбал

Шмерескиот гол на Ламин Јамал

Бисерот на Барселона од натпревар во натпревар покажува дека е најблизок фудбалер до Меси што се појавил во скоро време. Јамал им помогна на навивачите на Барса да се утешат што Лионел замина, а младиот Ламин беше еден од најзаслужните за европската титула на Шпанија (освои Европско со само 17 години). Синоќа во четвртфинале на Лига на Нации против Холандија беше стрелец на еден гол.

Неделните плати на најплатените 10 фудбалери во Европа

За Халанд и Мбапе очекувано, ама Левандовски на 36 години да ги зема тие пари? Инаку излегува дека кај најплатените 10 во Европа, неделно легнуваат на сметка вклупно 4,1 милион евра. Многу.

Шкупи по стапките на Тиквеш, дресот со број 77 оди во историјата

ФК Шкупи одлучи да го повлече дресот на Андреј Лазаров, а во меѓувреме ја потврди информацијата за неговиот договор.

Пеналите од Франција - Хрватска и Шпанија - Холандија

Луда четвртфинална ноќ во Лига на нации. 4 меча - 21 гол. Германија - Италија 3:3, Шпанија - Холандија 3:3, Португалија - Данска 5:2 и Франција - Хрватска 2:0. Само првиот од четирите дуели се реши во 90 минути игра. Португалците победија во продолженија, а Франција и Шпанија на пенали. Бујрум.

А видовте ли Пирло на 45 години како изведува слободни удари?

Андреа Пирло е веќе 8 години во пензија, но тоа не забележува ни тронка, ако му ја погледнете мајсторијава. Се работи за хуманитарен меч меѓу легендите на Тотенхем и Милан кој се одигра во Лондон и заврши 6:2 за домашниот тим. Мајсториште.

Аматерска грешка на голманот на Австрија, прв гол на Максимовиќ после 10 години

Со головите на Немања Максимовиќ и Душан Влаховиќ, Србија ја совлада Австрија со 2:0 и се искачи во Лига на нации од Б во А лигата. Александер Шлагер направи недозволив кикс на гол, а Максимовиќ тоа го искористи да го даде првиот репрезентативен гол, после оној во финалето на СП за играчи до 20 години, кое се одигра во 2015-та.

Роналдо даде нов гол, изведе крајно лош пенал и пак влезе во Гинисова книга на рекорди

Синоќа на 4 натпревари во четвртфинале на Лига на Нации паднаа дури 21 гол. Од нив дури 7 беа на реваншот Португалија - Данска (5:2). Португалците уште во 5' минута добија пенал, но многу слабо го изведе Кристијано Роналдо. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, подоцна се извади со погодок за 2-1 во 72-ра минута. Натпреварот заврши 3-2, а во продолженија Португалија даде два нови гола и славеше 5-2.

Најубавиот гол во женски фудбал за 2025-та

Квинс Лига Оишо се вика турнирот во женски фудбал кој во 2023-та го основал некогашниот фудбалер на Барселона Жерар Пике. Играат повеќе или помалку познати личности. На овој турнир, извесна Антонела Ромелеру која игра за тимот Лас Тронкас ФЦ, направила мајсторија каква што многу ретко се гледа и во машки фудбал.

Горан Попов на ревијален меч на Херенвен играше со дрес на загинатиот Лазаров

Поранешниот македонски репрезентативец беше повикан да настапи во Холандија по повод 30 години од изградбата на стадионот „Абе Ленстра“. Приликата ја искористи да направи убав гест.

Коментаторот на РТС заплака за време на минутата молк за Кочани и српските фудбалери

Србија ја совлада Австрија со 2:0 во Лига на нации, а пред стартот на мечот имаше минута молк за Душан Маровиќ, Радиша Илиќ, за Црногорецот Андрија Делибашиќ, потоа за Вукашин Црнчевиќ, 16-та жртва од трагедијата во Нови Сад и за загинатите во дискотеката во Кочани.

Акробатскиот гол на Лукаку против Украина

Украина изненади минатата недела кога ја совлада Белгија 3-1 на натпревар одигран на неутрален терен во Полска. Украинците беа на праг да се пласираат во А дивизија за следното издание на Лига Нации, но Белгијците на реваншот од 70-та минута па до крај дадоа 3 гола и со 3-0 ја надоместија негативата па тие ќе играат во најдобрата, елитна А дивизија.

Неверојатниот гол на Германците против Италија

Синоќа на 4 натпревари во четвртфинале за Лига на Нации паднаа дури 21 гол! Не се знаеше каде има повеќе голови, дали во Валенсија, дали во Дортмунд, дали во Лисабон. Германците и Италијанците одиграа 3:3 па Германија оди на Фајнал Фор поради триумфот 1:2 на гости. Германија водеше дури и со 3:0 но аѕурите во вториот дел дадоа 3 гола и израмнија. Погодокот што го даде Мусиала во 37-ма минута е интересен од многу аспекти.

Дриблинг еден на два кој не се гледа секој ден

Дамјан Ривера од второлигашот Феникс е мангупот на колото, кој многу умешно и атрактивно им го измеша паметот на двајца противници.

Жирона на македонски пишува за Миовски

Шпанскиот прволигаш, каде Бојан Миовски ја игра првата сезона, го објави голот на нашиот репрезентативец, а потоа објави статус на македонски јазик.

Рутински старт на квалификациите на Македонија, емотивен триумф во Лихтенштајн

Пред околу 5.000 гледачи, воглавно македонски навивачи од дијаспората, македонската репрезентација го совлада Лихтенштајн 0-3 (0-2) на гости во Вадуц и ги освои првите бодови на патот низ квалификациите за Светско првенство 2026.

Чудесија од Тиаго Алмада го реши дербито Уругвај - Аргентина

Во 13. коло од квалификациите во Јужна Америка за Светско првенство, во големото дерби Аргентина на гости го совлада Уругвај 0-1 во Монтевидео. Стрелец на голот е 23-годишниот Тиаго Алмада кој игра за бразилски Ботафого. Во отсуство на Меси поради повреда, за Аргентина играа Хулиан Алварез, Џовани Симеоне, Енцо Фернандез, МекАлистер, Паредес и други.

Првиот гол на Роналдињо за Барса беше и најубав од сите

Роналдињо дебитираше за Барселона на пријателска средба против Јувентус во САД, во Масачусетц на 27-ми јули 2003-та. Набрзо, на 3-ти септември 2003-та на натпревар против Севиља во Ла Лига, на „Камп Ноу“ го постигна првиот гол на официјален натпревар. Дебитантскиот погодок за Барса ќе му се памети засекогаш.

Каква фудбалска ера беше ова

Бразил vs Франција. Играчите сè кој од кој. Во фокусот е уметникот со топката.

Јунакот на Панама му откри на Анри зошто го гушнал

Тиери Анри е идол на многу генерации. Французинот беше чудесен крилен напаѓач кој важеше за еден од најдобрите фудбалери на своето време. Идол му бил и на Сесилио Вотермен, фудбалер од Панама кој со гол во длабоко судиско продолжение, во 90+5' минута од полуфиналето на КОНКАКАФ Лига на Нации ги потопи САД. Американците имаат 3 титули во Лига на Нации КОНКАКАФ но сега испаднаа во полуфинале од Панама.

Фудбалер на Манчестер славеше гол како Роналдо пред Кристијано

Данска имаше пенал против Португалија но оној кој го заработи, Кристијан Ериксен го промаши односно португалскиот голман Диого Кошта му го одбрани. Но Данците во вториот дел постигнаа гол, преку играчот на Манчестер Јунајтед Расмус Хојлунд за конечна победа 1:0. Хојлунд го прослави со фамозното „сиииииииууу“ на Кристијано Роналдо пред него.

Ретко видена турска мајсторија со рамо

Турците предводени од Монтела, славеа 3:1 против Унгарија во плејоф средбите од Лига на нации. Обрнете внимание на голот на Керем Актуркоглу. Се местеше да им ја забие со глава, ама на крај со рамо ја пикна.

Гол на Винисиус во 90+9-та минута каков што ретко се гледа

Бразилците сменија неколку селектори и се уште со големи напори стигнуваат до триумфи на патот во квалификациите за Светско првенство 2026. Кариоките ги води ветеранот меѓу тренерите, Доривал Жуниор. Синоќа Бразил ја победи Колумбија 2-1 со гол буквално во последни секунди од мечот, во 90+9-та минута од судиско продолжение на Винисиус Жуниор.

Панама го сруши САД во 93 минута, па славеа лудо со Анри

Сензацијата пукна во КОНКАКАФ Лигата на нации, каде Панама го елиминираше САД и тоа на гости со голот на Сесилио Вотермен во судиското продолжение. Стрелецот на голот му се фрли на Тиери Анри и му викаше в лице: Ти си мојот идол. Потоа му се придружија и другите во лудото славје. Француската легенда беше дојден во својство на стручен коментатор.

Втора младост на Перишиќ, даде голчиште против Франција и го мина Манџукиќ

Хрватска дефинитивно нема балкански менталитет. Таа не размислува како да и парира на Франција, една од најмоќните селекции во светот која заврши прва и втора на последните два Мундијали, туку излегува на терен и ја победува.