Крузеиро и Гремио се едни од најпознатите фудбалски клубови од Бразил и претпоставуваме единствени кои имаат влезено во волку лош фазон да не знаат што со топката. Се бара носителот на тв правата да го објави цел натпревар за да видиме што правеле понатаму.
Денешниот датум навивачите на Челси го паметат по потписот на Ѕола, а навивачите на Баерн Минхен се срамат. На Алијанц арена во рамките на Купот на УЕФА во 2007-ма го нагостија Болтон кој допатува со втор тим. Се очекуваа многу голови и така и беше, паднаа четири, но никој не ни сонуваше дека два од тие ќе ги прими Оливер Кан. Болтон таа сезона стигна до осминафинале, а Баерн беше елиминиран во полуфинале од Зенит кој го освои Купот таа година.
„Пред точно 20 години го потпишавме еден од најдобрите наши играчи во историјата“, напиша Челси на своите официјални профили на социјалните мрежи за легендарниот Џанфранко Ѕола.
Да ги имаш овие бројки од насловот до својата 31 година, навистина треба да го носиш прекарот магнет, бидејќи тоа си и за спонзорите и за фановите. Тие не те оставаат на мира, ама затоа едните те прават ултра популарен со милиони кликови на слика, а другите лудо те кешираат ако се напиеш сок или носиш гаќи во јавност.
На фудбалски меч во мексиканскиот град Талнсинго судијата Виктор Трехо му дал црвен картон на фудбалерот Руберн Ривера Васкез кој толку силно го удрил по глава што судијата починал на лице место. Бразилскиот портал Globo Esporte пишува дека 59-годишниот судија починал од мозочно крварење. Виновникот избегал од местото на настанот, ја искористил настанатата врева. Полицијата сега трага по Васкез.
Винченцо Монтела ги заврати ракавите и со нискобуџетните играчи кои му ги донесе Галијани склопи каков таков тим и почна да бележи резултати со кои Милан неочекувано стана најголемото изненадување сезонава во Серија А.
Кога клуб по име Интер после 12 минати кола во Серија А има 5 порази и е на 9 место со 13 бода зад лидерот, тогаш очигледно е дека нешто не оди. Но тоа е така веќе шест сезони по ред и навивачите не може повеќе да живеат со старата слава која ја создаде Мурињо.
Голманот на Слиго Роверс, Михаел Шлигерман доаѓа од Каунти Мајо а дедо му е Германец. Зборот German е дел од неговото презиме. Има ли уште такви примери каде презимињата на играчите содржат збор кој директно ги поврзува со нивната националност или националноста на нивните родители?
Навивачите на Ливерпул синоќа против Вотфорд пееа песна која што ја насмеа целата фудбалска јавност. Според нив, тимот е толку добар што и кога би го имале Луис Суарез повторно, тој би седел на клупата за резерви. „Црвените“ играат препородено со Клоп.
Премијата Golden Boy, златно дете на европскиот фудбал се доделува веќе 14 години. Годинава наградата ја доби Ренато Санчез кој минатата сезона играше за Бенфика а годинава стана шампион на Европа и фудбалер на Баерн Минхен.
При водство на Фенербахче од 0:2, голманот на домашниот Акхисар Беледје, Фатих Озтурк го запечати поразот на својот тим иако претходно фати два чисти зицери.
Манчестер Јунајтед конечно заигра добро и рутински со 1:3 го совлада Свонси на гости. Ибрахимовиќ даде два гола од кои првиот беше 25.000-от погодок од основањето на Премиер лигата во 1992. година. Кога му кажале после мечот, изјавил: „Ах, јас помислив дека сум единствениот кој дал 25.000 гола“.
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски не престанува да ги тресе мрежите на ривалите во Серија А. Попладнево со гол во 72. минута „Нестогол“ израмни против Милан, но неговиот тим не издржа до крај и загуби од „Росонерите“ 1:2.
Нов рекордер во Европа по бројот на последователни победи доаѓа од Шкотска. Тимот Ист Килбрајд остварил 27 триумфи по ред и го сруши рекордот на Ајакс од сезоната 1971/72 година.
На 5. ноември 1997 година, четата на Генерал Лобановски триумфално прошета низ „Камп Ноу“. Предводени од Шевченко кој постигна хет-трик и Ребров, Динамо Киев ја торпедираше Барселона со 0-4 и ја изненади целата фудбалска јавност.
На денот на својот 30 роденден, поранешниот хрватски репрезентативец Дадо Пршо постигна неверојатни пет гола на меч од Лигата на шампионите. На тој 5. ноември 2003. година Монако го победи Депортиво Ла Коруња со рекордни 8-3. Тоа беше највисоката победа во меч од ЛШ.
Манчестер Јунајтед за прв пат во својата историја губи 5 гостински натпревари во Европа по ред, а Вејн Руни постигна гол, негов прв на последните 12 меча и втор во цела сезона. Играч на кој му фалат уште три гола да го урне рекордот на Боби Чарлтон и да стане најдобар стрелец во историјата на клубот, срамота е да прави вакви киксови. Ова за него е локум топка за гол.
Алехандро Пато не ги фати најзлатните времиња на Милан и за шест сезони во периодот од 2007-ма до 2012-та освои само Скудето и Супер Куп, но затоа играше со врвни имиња со кои не ги заборава искуствата.
За Тоти познато е дека освен што е врвен фудбалер, во Италија е број 1 за редење на гафови, па дури во Рим се продава и книга на таа тема. Ова не е збир само со него, туку и со други грешки каде протагонисти се навивачи и други играчи кои морале да бришат тетоважи.
Од 112 меча од кога Пике дебитираше за Шпанија, само три пати на списокот не биле заедно со Серхио Рамос. Во Гранада Несторовски, Пандев и напаѓачите ќе се надмудруваат со Бартра, Начо, Хуанфран, Ињиго Мартинез и Азпиликуета.