Фудбал

Спасителот на Манчестер кој не дозволи продолженија

Во 4 минута од судиското продолжение на Олд Трафорд без здив остана и Мурињо и навивачите, откако гостите изведоа опасен слободен удар кој за влакно не заврши во гол. Аплаузите за тоа одат кај резервистот Серхио Амеро.

Мата го носи Јунајтед во четвртфинале, Рома куса за еден гол

Фудбалерите на Рома остварија победа од 2:1 против Лион недоволна за пласман во топ 8 фазата од Лига Европа. Германското дерби повторно заврши нерешено, но двата гостински гола на Шалке вредат четвртфинале. Манчестер и Ајакс не дозволија изненадувања.

Го игра ли Тоти последниот меч во Европа?

На 28 март 1993 година на само 16 години, 6 месеци и 1 ден Франческо Тоти првпат истрча на Олимпико во дресот на Рома која вечерва против Лион ќе игра да му го продолжи патот на ветеранот низ Европа.

Станковиќ и Ноер во аматерска верзија

Бомбастичниот волеј на Дејан Станковиќ на мечот од Лигата на шампионите меѓу Интер и Шалке, го пронајдовме во една поинаква верзија, на поинаков терен и во поинаков ранг. Со оглед на околностите, не се лоши.

Кој ќе ја освои Лигата на шампионите?

Утрешната ждрепка во Нион ќе ни го донесе изгледот на четвртфиналните двојки во ЛШ кој сите со нетрпение го очекуваме. Неизвесноста за трофејот е голема и е многу тешко да се предвиди кој ќе го освои. Дејлимејл побара мислење од девет свои новинари. Четворица го фаворизираат Баерн Минхен.

Шпанскиот мозок кој направи револуција во Монако

За да имаш во рака четвртфинале во ЛШ, четвртфинале во француски Куп, финале во Лига Куп и лидерска позиција на табела со само три порази и неверојатни 84 гола на 29 средби, треба стварно нешто да се случува во клубот. Формулата е шпанска со не многу руски пари.

Поразот кој уште го пече секој навивач на Јувентус

На денешен ден минатата година, Јувентус истрча на „Алијанц Арената“ со 2-2 од првиот меч против Баерн. До 75’ минута од реваншот на стадионот одекнуваше песната на Италијанците затоа што Јуве изненадувачки водеше 0-2. Но до 75’ минута...

Бисерите од Азурен брег кои ги бара пола Европа

Тимот предводен од Португалецот Леонардо Жардим (42) е составен од млади фудбалери на кои цената вртоглаво им расте. И нормално, зошто дечките играат убав фудбал за око, најефикасни се во цела Европа и на добар пат се да станат шампиони на Франција.

Во Африка уште прават црни магии на фудбал

Во финалето на Африканскиот Куп на Нации за играчи до 20 години меѓу Сенегал и Замбија имаше чуден момент. Додека еден Сенегалец се спремаше да изведе слободен удар, негов соиграч извади мртов лилјак и го фрли во противничкиот гол.

Славјето во соблекувалната на Монако

Манчестер Сити е првиот клуб кој по дадени 5 гола во нокаут фаза се соочи со елиминација во реваншот. Џабе им се и парите и ѕвездите и Пеп Гвардиола. Монако успеа да ги победи без Фалкао и заслужено славеше.

Лудите одбрани на Јан Облак

Голманот на словенечката репрезентација Јан Облак со три надреални одбрани по ред го спаси Атлетико Мадрид вечерва против Баер Леверкузен.

Фудбалска лекција од Монако за Сити

Најефикасниот тим во цела Европа сезонава, успеа да ја надомести негативата од првиот меч (5:3) и со три парчиња во мрежата на Кабаљеро да ги испрати Пеп Гвардиола и Сити да се посветат на Премиер лига. Атлетико спиеше, Облак го спасуваше од пораз.

Кевин Гроскројц - панкерот што освои Светско првенство

Да имаш редок талент, да учиш од Јирген Клоп, да бидеш миленик на „Жолтиот ѕид“ во Дортмунд, да освоиш Светско првенство и да завршиш како цреп треба стварно да си Кевин Гроскројц.

Кинезите им го скршија филмот на навивачите од Милано

Свежите странски пари колку можат да бидат добри, толку можат да бидат и лоши. Во случајот со екипите од Милано за сега нема ништо добро, туку само една необична смена на термин на кој нема навивач кој не би се побунил.

Шест години од моментот кога Пандев ја замрзна Алијанц арена

Интер во сезоната 2010/2011 доби тешка задача, а тоа е да го одбрани трофејот во ЛШ со Леонардо како тренер. Стигна само до топ 8 фазата и тоа по најтешкиот пат наречен Баерн Минхен во осминафиналето, благодарение на левицата на Горан Пандев во 88-ма минута за конечни 2:3. На првиот дуел Баерн славеше 0:1.

Твит на денот

Се надеваме дека нема да има потреба да ѝ правиме репост на ова објава.

Мурињо им ја искритикува нивата, а тие добија казна

Жозе Мурињо во пресрет на првиот осминафинален дуел од Лига Европа се пожали дека на теренот на Ростов е невозможно да се игра пас игра. Прво: беше во право и второ: суспензијата е реална.

Икер и Џиџи на квиз

Кога на една страна ќе го седнеш Џиџи Буфон, а на другата Икер Касиљас резултат е вкупно 42 трофеи и по 167 репрезентативни настапи за двајцата. Секогаш се почитуваат и секогаш се испраќаат со гушка после секој натпревар. Двете голмански легенди одговараат на прашања пред дуелот Јувентус - Порто.

Што се случува кога Инсиње ќе падне во шеснаесетник?

На Јувентус му судат пенал. Тоа е еден од најироничните транспаренти сезонава кои се појавија изминатиов викенд на стадионите во Серија А. Јуве доби пенал и вчера и во петокот, ама изминативе неколку сезони и не баш како што мислите.

Пет работи кои ги научивме од пласманот на Лестер во топ 8

Додека Арсен Венгер со години се бори да го однесе својот тим подалеку од осминафиналето во ЛШ, Лестер беше третолигаш, па шампион на Англија и успеа од прва мајка да стане четвртфиналист во најелитното клупско европско натпреварување. Па кој е како нив?

Комедија на колото во Бундеслигата

Баер Леверкузен и Вердер Бремен одиграа 1:1 во домашното првенство, а за најкомичен момент на колото Германците ја издвојуваат измената во 82 минута кога Чичарито не можеше да се отараса од својот чувар.

Нема да игра Лига на шампиони, има испити за учење

17-годишниот Каи Хаверц важи за еден од најголемите таленти во германската Бундеслига, но својата надареност нема да може да ја покаже во реваншот со Атлетико Мадрид зошто има за учење.

Лестер на чудесен начин во четвртфинале

Каспер Шмајхел со еден одбранет пенал во Андалузија и еден вечерва во Англија, беше најзаслужен што Лестер ја анулираше предноста на Севиља. Јуве со половина гас го доби Порто кој пак играше со играч помалку од првиот дел.