Реал е шампион, ама Меси е луд

Да имаш 506 гола, 227 асистенции, 29 трофеи, 37 хет-трикови, 5 Златки топки и 4 Златки копачки и сето тоа за еден ист клуб до својата 29-та година од животот, само тој епитет може да те опише ЛУД.

Кој знае какво е чувството да си прв во Шпанија, а да има подобар од тебе, вели еден коментар под нашата објава за славјето на Реал Мадрид. Тоа е уствари доста занимлив коментар кој оствава впечаток и кој може да се тумачи на различни начини во кои нема да навлегуваме.

Факт е дека Реал Мадрид по пауза од 5 години ја освои титулата во Ла Лига, но тоа не е причина да се занемари сезоната на Лионел Меси кој блесна со 55 гола и 22 асистенции на 56 средби одиграни за клуб и репрезентација.

Меси постигна два гола против Еибар или две велемајстории со кои стигна до бројка од 37 погодоци во Ла Лига, а тоа му ја носи наградата Златна копачка. Се израмнува со Кристијано Роналдо. И двајцата имаат по четири.

Најблиску до него беше Бас Дост од Спортинг кој во последното коло постигна хет-трик и со 34 голови стигна до 68 бода. Но Меси има три гола повеќе кои му донесоа 6 бодови предност. Втор зад Меси меѓу стрелците во Ла Лига е Суарез со 29 гола, а трет е Роналдо со 25, најмалку до сега откако игра за Реал Мадрид.

Откако Роналдо ја освои Златната копачка како играч на Манчестер Јунајтед во сезоната 2007/2008, потоа секоја година победникот доаѓаше од Шпанија со тоа што во 2013/2014 Роналдо ја подели со Суарез.

Еден неверојатен статистички податок вели дека Меси постигнал 150 голови за Барселона под водство на сите 155 официјални средби на Луис Енрике.

Синоќешните два против Еибар му беа лудило.

Хајлајтс од мечот

22 мај 2017 - 11:48