Фудбал

Тешки 10 дена за Зинедин Зидан

Паузата која ќе следи наредниот викенд во националните првенства за многу екипи е добре дојдена, за да се одморат играчите и да соберат сила за предизвиците кои следуваат во клучниот дел од сезоната. Но тоа не важи за Реал Мадрид.

Најдобрите стрелци во историјата пред да наполнат 30

Друштвото е доста елитно, а во него се наоѓаат една бразилска и една германска легенда од едно друго време и еден Аргентинец од ова време. Веројатно веќе ги погодивте.

Син му на Клајверт е новото холандско чудо

На мечот против Ексцелзиор Ротердам во неделата, син му на Патрик Клајверт го постигна првиот гол во професионалниот фудбал, а со одличната форма најавува дека наскоро би можел да ја рипне Холандија У21 и да отиде право кај сениорите.

Нова уникатна прослава во соблекувалната на Легија

Фудбалерите на Легија Варшава со гол во 87-ма минута го добија дербито во Полска на гости против Лехија Гданск. Српскиот стратег Александар Вуковиќ смисли ново шоу со кое настана лудница во соблекувалната.

Навивачите кои треба да земат две недели одмор за да одат на гостување

Патот на навивачите на Манчестер Јунајтед на гостувањето против Ростов во ЛЕ беше играчка во споредба со ова што ќе го прочитате сега. Се работи за пат колку четвртина свет, за фудбалски натпревар од домашно првенство. Внимавајте, домашно првенство.

Новинар заспа на прес-конференција, Енрике го будеше

После победата на Барселона против Валенсија 4:2, англискиот новинар Стив Футерман од каналот CBS задремал на пресот кој го држел Луис Енрике. Тренерот на Барса се насмеал и прашал: ’Толку ли сум досаден’?

Зашеметувачки дриблинзи на Португалец од Блекбурн

Лукас Жоао има 23 години и игра во Блекбурн како позајмен играч од Шефилд Венздеј. На мечот против Престон (2:2) ги дриблаше противниците како мали деца.

Како изгледал ракометот пред 55 години

Колку години биле потребни, еден од најинтересните спортови да се развие во она што е денес и какви биле почетоците на ракометот?

Му излета

Мохамед Анас кој игра во Гана, освен што постигна два гола и му донесе реми на својот тим 2:2, кога не игра фудбал изгледа дека игра на две полиња па среќен и возбуден после мечот ја даде изјавата на неделата. 

Аматерско судење во австралискиот фудбал

Фудбалерите на Бризбен кои го елиминираа Тевез од квалификациите во Азиската ЛШ, се соочија со пораз за кој имаат право да се жалат до сите релевантни инстанци. Апсурдот се случи во 95-та минута кога играч на Аделејд Јунајтед фалеше уште малце на ушка да му се качи на голманот, а потоа фати да глуми пенал.

Тупаниците меѓу Барса и Билбао во финале на Копа дел Реј 84’

На 5 мај 1984-та на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид се одиграло финалето на шпанскиот Куп. На мечот му претходеле десетина соопштенија и тензијата растела особено по страшниот старт на Гојкочеа над Мардона на претходниот меч во лигата. Баскијците со 1:0 го освоиле Купот (петта двојна круна во историјата на Атлетик), но целото славје им го расипа Марадона на крајот од мечот.

Гери Невил, Карагер и Кристијан Голубовиќ

Некогашните големи ривали од Јунајтед и Ливерпул, Гери Невил и Џејми Карагер веќе неколку години важат за признати експерти во студиото на Скај Спортс. Во пресрет на дербито Манчестер Сити - Ливерпул, Гери Невил објави коментар на Твитер, а Карагер го пецна со фотографија од српскиот криминалец.

Претседателот на Бордо во ултрас фазон

Жан Луис Трио за момент ги соблече сакото и машната и се опушти во друштво на најзагреаните навивачи на Бордо.

Зошто англиските екипи не се повеќе конкурентни во ЛШ

Во последните осум сезони шпанските екипи дури 17 пати биле дел од четвртфиналето во Лигата на шамппионите, а англиските само пет пати. Мизерија за лига која дели милијарди од тв права и која ги има Сити, Јунајтед, Челси, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем.

Кога Куман ја прескокна цела одбрана со се топка

Холандската легенда Роналд Куман беше еден од оние дефанзивци со статистика како напаѓач. Во кариерата збрца вкупно 239 голови, а од нив 88 се за Барселона. Ова е еден од најнеобичните и најнеочекуваните.

Богат фудбалски април нè очекува

Од втори па до петти април ќе се играат најголемите фудбалски средби за годинава. Ќе уживаме во Лига шампиони, Лига Европа, Премиер лига и германска Бундеслига.

Супер гол со ножички на шпицот на Партизан

Фудбалерите на Партизан во малото градско дерби против тимот на Вождовац славеа 4:0 а еден од двата гола кои ги постигна репрезентативецот на Србија Урош Ѓурѓевиќ беше права уметност.

Приказната за фудбалскиот пат на Адриан Муту

Најталентираниот фудбалер во историјата на Романија е човек за кој би можело да се сними филм кој рутински би ги собрал сите фестивалски награди. Неговиот подем и пад е долг колку патот од пеколот до рајот и назад преку чистилиштето.

Како е правилно Генк или Гент?

Едно време за оние помалку упатените постоеше заврзлама со прашањето дали е правилно Ирак или Иран. На фудбалската мапа постојат клубови со потполно или приближно исто име кои те тераат повеќе да размислиш кога ќе се сретнат меѓу себе.

Сите меѓусебни дуели на двојките од ЛШ и ЛЕ

Четири од вкупно осум двојки во двете клупски европски натпреварувања ќе ги гледаме за прв пат во четвртфиналињата. Лестер нема ниту една победа против Атлетико Мадрид, а на останатите три двојки Баерн Минхен, Јувентус и Манчестер Јунајтед се малку поуспешни низ историјата во меѓусебните дуели.

Мурињо и Ибра ќе патуваат во Брисел, Бешикташ со Лион

По ждрепката за ЛШ која донесе „мед за око“, попладнево во Нион се влечеа и паровите за четвртфиналето во Лига Европа.

Баерн Минхен налета на Реал Мадрид, а Јувентус на Барселона

На денешната ждрепка во Нион беа извлечени четвртфиналните двојки за Лигата на шампионите кои ќе бидат лудо неизвесни. Имаме реприза на финалето од 2015-та.

Лавовска борба за кам бек на фудбалерот на Шапекоенсе

Преживеаните фудбалери на Шапекоенсе, дефанзивецот Нето и фудбалерот од среден ред Алан Рушел се најдоа на поширокиот список за натпреварите од Копа Либертадорес. Се појави видео од Алан кој го воодушени светот со неговата упорност за кам бек на терените. Инаку третиот преживеан од авионската несреќа е голманот Џексон Фолман на кого му беше ампутирана ногата.

Мурињо му излупи, Маркос Рохо кркаше банана среде натпревар

На аргентинскиот бек синоќа во текот на мечот Манчестер Јунајтед - Ростов во Лига Европа како да му паднал шеќерот, па реагираше Жозе Мурињо.