На 25 февруари Џанлуиџи Донарума стана полнолетен, а италијанските медиуми се пошегуваа и направија едно сценарио од 24 часа за тоа како му изгледал денот. Неговата роденденска желба не се однесува на некој трофеј, туку на едно дрво од одбраната на Милан кое Џиџи не сака да го види во прв тим.
Сè што нема да очекувате дека може да направи еден голман кога треба да дегажира, на овој несреќник од втората алжирска лига ќе му успее. Го гледате автоголот кој не се повторува, барем не овој вториот дел од завршницата.
Еден ден ќе го видам како нафрла, а потоа веднаш ќе истрча да даде гол на сопствена асистенција, велат критичарите за човекот кој лани минал растојание колку 1.000 пати да се искачил на Ајфеловата кула.
За легендата со прекар „Гениј“ доволно е да почнеме да вадиме од архива само на тема Милан, но да се потсетиме на еден негов слободен удар од градското белградско дерби кој му лежи на душа на секој Звездаш.
Нема коло да помине а одличниот стопер на Барса и Шпанија да не го зајаде Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, Мурињо или фудбалскиот сојуз. Џабе го казнуваа, џабе му се закануваа, тој едноставно не може да се помири со мадридизмот и се храни со провокации.
Бастијан Швајнштајгер седна на првата прес конференција како нов член на Чикаго, заедно со неговиот тренер Вељко Пауновиќ, кој стана Светски првак со Србија У21, инаку роден во Струмица. Еден од американските новинари постави тотално нелогично прашање кое гласи вака: Дали Чикаго сега може да освои Светско првенство? Германецот се збуни, побара помош од пријател и потоа некако ја извади глупата ситуација.
Ако се прашувате како е можно Аргентина да загуби од Боливија и зошто толку ги ругавме, ѕирнете го видеово од тој меч и ќе ви стане јасно. Гибралтар, Буркина Фасо и Еквиторијална Гвинеја играат поорганизарано од овие дунстери кои инаку се први на ранг листата на ФИФА.
Таму каде што Американците од публика се тепаат да погодат за 10.000 долари со две раце, Кевин Де Брујне од Манчестер Сити може со една нога. Скептиците сигурно ќе искоментираат дека е местено.
Најдобриот фудбалер во историјата на Португалија ги израдува мештаните на градчето Фуншал каде неговата репрезентација ја пречека Шведска во пријателски меч.
Иако релативно кај мал дел од нив се забележува овој проблем, се чини дека има многу фудбалери кои ја занемаруваат својата орална хигиена до степен да страдаат од болки кои влијаат на нивните настапи.
БиБиСи сними документарец во кој некогаш најдобриот стопер во Европа и капитен на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација раскажува колку му се сменил животот по смртта на неговата сопруга Ребека после што останува сам со трите деца.
На 28 март 1993-та на мечот Бреша - Рома, Вујадин Бошков му даде шанса на еден тинејџер по име Франческо Тоти. Епа истиот тој Тоти уште игра за Рома, а во меѓувреме САД назначи тројца претседатели, Роџер Федерер го освои првиот Гренд слем итн, итн...
Недозволиво е селекција од таков рангот да губи од една од најслабите јужноамерикански репрезентации која 23 години нема видено СП со очи и во трите учества (1930, 1950 и 1994) нема ниту една победа. Не им е изговор ниту отсуството на Меси.
Со 16 години и 8 месеци Дарко Чурлинов од младинскиот погон на Келн не само што стана најмладиот фудбалер кој заиграл за сениорите на Македонија, туку можеше и да постигне гол уште при првиот контакт со топката на 8 минути до крајот на средбата против Белорусија.
Дека 166-та позиција на ранг листата на ФИФА апсолутно не ја заслужуваме, нашите фудбалери покажаа два пати во рок од пет дена. Белорусија е стотина места над нас на рангот, но вечерва беше целосно надиграна од капитенот Пандев и другарите кои одиграа со срце.
Кога во квалификациите за Светско 2018 Меси играл за Аргентина, репрзентацијата освоила 15 од можни 18 бода. Без него во тимот освоиле само 7 од можни 21! Ете колку ќе им фали до крајот на циклусот квалификации за СП.
Ако некогаш бевме навикнати на вестите од извештаите на Македонија У21 која редеше пораз до пораз, во категоријата на фудбалери до 21 година веќе две години атмосферата е сосема поинаква.
Се играат квалификации, што значи пауза е и за Арсенал и за Арсен Венгер, но не е баш така. Селекциите на Нов Зеланд и Фиџи играа квалификациски меч за СП 2018 пред 500 гледачи. Ниту тие не го оставаа на раат предводникот на Топџиите.
Фудбалерите на Исланд направија сензација со елиминацијата на Англија на Европското првенство во Франција, а тоа придонесе за една нова генерација на исландски навивачи/навивачки во светот на фудбалот.
Денес во најдобрата италијанска лига играат 529 фудбалери од кои дури 168 не биле уште родени кога Франческо Тоти за првпат заигра за Рома. Тоа се случи на денешен ден, 28 март пред 24 години кога Вујадин Бошков го пушти пред крајот од мечот Бреша - Рома (0-2).
Сампдорија, сезона 1995/1996: Свен Горан Ериксон, Роберто Манчини, Кристијан Карембе, Кларенс Сидорф и Синиша Михајловиќ. Па па па, какво сликиште е ова. Признајте дека сте немале појма за оваа збирштина на легенди во Сампдорија.
Емре Мор е турски репрезентативец кој игра за Борусија Дортмунд. Роден во Копенхаген од татко Турчин и мајка со македонско потекло, Емре важи за најталентираниот фудбалер во турската селекција, а тоа го докажа синоќа на пријателска со Молдавија.