Фудбал

Како Роналдо и Меси се однесуваа со натрапниците

Скоро и да немало континент и ќоше на земјинава топка каде што некој гледач не упаднал на терен да тргне да се слика со Роналдо или Меси на сред терен. Двајцата обично реагираат спротивно, едниот побурно, другиот посмирено.

Кога Роналдо најде да се закача со Кафу

Роналдо тука има 20 години, Кафу 35, значи 15 години постар и пак почит нула. Одговорот на еден од најјаките бразилски бекови во историјата беше едноставен, со еден потег.

Како Пол Гаскоњ го пречекал Жинола во новиот клуб?

Францускиот фудбалер Давид Жинола во Тотенхем дојде на голема врата, како докажана ѕвезда во ПСЖ (115 настапи - 44 гола) и Њукасл (76 настапи, 7 гола). Набрзо стана клупска легенда на Тотенхем за кој забележа 127 натпревари и прослави 22 погодоци. На првиот тренинг во јули 1997-ма додека трчал со новите соиграчи, се запознал и со Пол Гаскоњ, најголемиот цар во англискиот фудбал.

Кикс во одбрана во 1 минута, Србите го платија со пораз од Белгија

Во пресрет на квалификациите за ЕП, Белгија и Србија одиграа пријателски натпревар за да го искористат слободниот термин на ФИФА во кој беа слободни. Домаќините славеа со голот на Јаник Караско по само 60 секунди игра, по едно лошо додавање на Страхиња Павловиќ.

Дражта на селскиот фудбал во едно видео

Игнорирајте ја интервенцијата на голманот кој требаше да го скроти ударот како локум и внимавајте добро на реакцијата на шпицот во обид да ја турне топката која застана на гол линија. Сите се на нозе. Спектакл.

Како се пречекува гуштер во репрезентацијата на Бразил?

Ендрик е новото фудбалско чудо од Бразил. Има само 17 години а веќе е лидер на славниот Палмеирас кој е прв во бразилската Серија А и се бори за шампионска титула. Потпиша енормно богат договор со Реал Мадрид и ќе се пресели во Шпанија на лето следната година. Ендрик носи 9-ка на дресот. Сезонава на 27 меча од кои 14 како стартер има 9 гола. Заслужи повик за Бразил ама таму е веќе друга приказна.

Како тоа 15 души го чуваат голот на слободен удар?

Едниве имаат 15 голмани, ама другиве го имаат Дибала.

Пандев: Мацари е вистинскиот човек за Наполи, а Италија - Македонија ќе ја гледам дома

Без разлика дали е во Струмица или во Џенова, италијанските медиуми на мира не ја оставаат македонската легенда. Година и пол има како замина во пензија, но постојано го бараат за мислење.

Кои се најскапите голмани на свет?

Според реномираниот германски сајт Трансфермаркт специјализиран за точна вредност на речиси сите светски професионални фудбалери, интересна е категоријата на голмани.

Луис Диаз се сретна со татко му по ослободувањето

По завршувањето на 12 дневната сага и неизвесност за неговиот живот, Луис Диаз се сретна со татко му кој е пуштен на слобода. Тој во меѓувреме постигна гол за Ливерпул и им испрати порака на киднаперите да го ослободат, а сега конечно се заедно.

Најоткачената прес конференција

Мислевме дека тоа со Гатузо во Грција е број 1, ама овој е појак. Се вика Рикардо Ферети, а лутината до небо што не се испочитува правилото „Жените имаат предност“ ја вади како тренер на Тигрес од Мексико.

Каков беше Наполи со Валтер Мацари, старо-новиот тренер

Прва победа на Наполи против Јувентус во Торино после цели 20 години, прв пехар после 22 години, враќање во Лига на шампиони, пројдена група со Баерн Минхен, Сити и Виљареал и за малку чудо против силниот Челси. После десет години Мацари изгледа се враќа во Неапол.

Го имаме ли најдолгото изведување на аут во историјата?

Следен пат намали го залетот, да не ја бараме во река топката.

Најдобриот фудбалски тим на Македонија на сите времиња

Респектабилната Фејсбук страница „Istorija ex yu fudbala“ нè отвори со последната објава. Се обиде да ги избере најдобрите 11 на Македонија на сите времиња. Изборот воопшто не им е лош и покрај коментарите.

Како Жунињо Паулиста првпат видел снег на 22 години во Јоркшир

Како што генерации се вљубуваа во некој симпатичен просечен клуб поради некој играч, така и на времето Мидлзборо имаше свои следбеници поради Бразилецот Жунињо Паулиста, мајсторот на фудбалот.

На јака ретро фотографија налетавме

Лево Владимир Југовиќ, десно Ален Бокшиќ. Легенди на едно незаборавно време. Се враќаат од Токио, после освојување на Интерконтиненталниот Куп 1996.

Интелигентен е голманот на Гремио

Гремио со пораз дома од Коринтијанс 0-1 како да се предаде во трката за титулата. Гремио е трет со 59 бода, Ботафого е втор со 60 бода а Палмеирас прв со 62 бода. Во триумфот на Коринтијанс на гости интересен момент имаше во 75’ минута кога гостинскиот голман Касио пропушти една топка од индиректен удар да влезе во голот зошто правилото вели дека од индирект нема погодок директно во мрежа.

Голманот што прими чудесен гол од Интер е навивач на Интер

Интер продолжи со победничкиот марш. Во неделата го совладаа Фрозиноне 2:0 а еден од головите го даде бекот Федерико Димарко. Неверојатно ефектен погодок кој е најубав на колото во цела Европа.

Редок момент се случил на фудбал во Австралија

На мечот меѓу Западен Сиднеј и Перт Глори (2:0), домашниот играч Тејт Расел шутира со сета сила во противничкиот гол а таму зад линијата стои неговиот соиграч Брендон Борели. За нивна среќа голот бил признат.

Евроголот со ефе од Ирска во големо финале

Во бараж мечот за пласман во најдобрат ирска лига, Ватерфорд го победил Корк Сити со 2-1 после пресврт а најубавиот гол на месецот го постигнал Конор Парсонс.

А дали го приметивте голот на Џонџо Шелви?

За оние кои не знаат, Џонџо Шелви игра за турски Ризеспор. Иако делува дека е ветеран со оглед на годините поминати во англискиот фудбал, Шелви има 31 и игра во одлична форма. Доказ за тоа е еден еврогол што постигнал на мечот против Истанбулспор во 5’ минута. Победнички.

Кога Ракитиќ ќе распали, тоа е празник за очи

Иван Ракитиќ е специјалист за ракети. Пред само две недели распали против Кадиз и сега пак против Бетис. И во двата наврати ја спасува Севиља од пораз. Страшен гол.

Димарко одлепи со еврогол од 56 метри

Интер го совлада Фрозиноне со 2:0 во 12. коло од Серија А и остана лидер на табела. Цела Италија зборува за голчиштето на Федерико Димарко на кој му измерија дека успеал да го лобува голманот од точно 56 метри.