Да кажеш дека односите меѓу турските ривали Галатасарај и Фенербахче се непријателски е благ збор. Спомнете им едно нивно дерби од пред 20 години и ќе се пореметат. Ова повеќе важи за навивачите на Фенербахче.
Македонскиот репрезентативен шпиц продолжува да ги решета мрежите во Серија А и да ги импресионира скаутите на поголемите клубови кои го следат. Попладнево Нестогол го матираше голманот на Болоња за водство на Палермо на гости 0:1. Последниот гол на Несторовски беше седми за него сезонава во Серија А.
Кедира, Манџукиќ и Хернанес погодија за 3:0 и лесни 3 бода на Јувентус против Пескара. Дуел на кој во игра влезе дете на кое Џиџи Буфон може да му биде татко.
Со првиот хет-трик сезонава, Кристијано Роналдо го потопи градскиот ривал на Висенте Калдерон, но ако судиите беа попрезицни во своите одлуки или ако лигата не штедеше пари на модерната гол-технологија резултатот ќе беше 0:4.
Дефанзивецот Роберто Розалес од Венецуела има солидна кариера во Европа и по Гент и Твенте, сега се грижи за одбраната на Малага, но после ова вечерва човек да не му е во кожа.
Селекцијата на Португалија летоска ја изненади Европа откако за прв пат во својата историја го крена пехарот на едно Европско првенство. Нивниот капитен и лидер се повреди во финалето и отскокнуваше од клупата и им даваше инструкции на своите колеги. Сите собрани емоции ги “исфрли“ по завршуваше во соблекувалната, а снимката од тој нивни историски 10 јули дури во јавност ја пушти Фудбалската федерација на Португалија.
Милан како домаќин против Интер, во недела навечер, на 20 ноември. Така ќе биде викендов, а последен така беше пред 22 години. Дерби со отсуство на неколку ѕвезди во период кога Росонерите доминирале на терен, ама биле во лоша серија.
Кога се изведувале пеналите против Јувентус во финалето на ЛШ 2003, Гатузо се молел да завршат пред него кој бил осми по ред за изведување. На Светското во Германија докторот за допинг чекал два и пол часа Гатузо да даде урина, затоа што бил уморен.
Керем Булут веројатно е фудбалерот со најдолго прославен гол поништен поради офсајд. Членот на Вестер Сиднеј не го интересираше ни свирче ни ништо, туку ја пикна топката во гол и потоа истрча 100 метри со пречки за да стигне на групно гушкање со навивачите кои исто така го игнорираа судијата.
Пред два дена Порто му дуваше 13 свеќи на својот дом кој 4.750 дена му дава фудбалски живот полн со победи и незаборавни моменти за навивачите. Има капацитет од 52.000 седишта и e втор најтрофеен стадион во Европа од своето отворање.
Во период кога Пеле бил попопуларен од Мухамед Али во САД, обожавателите не му давале мир и влегувале на терен да земат автограм од него и да се сликаат со Бразилецот. За неговата безбедност тогаш се грижел 160 сантиметри високиот Кубанец Педро Гарај.
Реал Мадрид е прв на табелата во домашното првенство и единствена екипа без пораз што е најбитно за нив. Но со оглед на тоа какво е егото на Кристијано Роналдо, тоа не е доволно за него.
На „Висенте Калдерон“ е омилен, го сакаат и навивачите и играчите и управата. Ја ликвидираше хегемонијата на Барса па на Реал, играше две финалиња во Лигата на шампионите. Се поставува прашањето зошто не сака да остане со години како Венгер и Фергусон?
Да се биде член на академијата на Милан не значи само изучување фудбалски вештини. Во институцијава децата учат како да бидат добри, воспитани, образувани на и надвор од теренот. За принципот на работа зборува Филипо Гали, директор на Академијата.
Еден од најдобрите бразилски фудбалери на денешницата, Роберто Фирмино во Европа дојде прво во Германија каде скаут на Хофенхајм го нашол преку видео играта Фудбал Менаџер.
Знаете ли дека Менез има украдено мотор, Жервињо не можел да најде работа, Медел за малку ќе станел дилер на дрога, а Милик на 6 години пушел цигари и бил лопов? Некои фудбалери кои прават милиони порано немале ни за леб. На кусо за нивното минато.
Речиси после една година нов живот во Германија, бегалецот од Сирија Амар Шахар е на добар пат да го оствари сонот и да ја дели правдата во елитната германска Бундеслига.
Ќе речат е добро де не е страшно што промаши, не е шпиц. Епа и Пол Сколс не беше шпиц, па гледајте што правеше за Манчестер. На негова позиција сега игра еден дечко кој чини 105 милиони евра од кого сè уште го чекаме блесокот.
Знаат навивачите да се чачнат на тема: А твојот клуб колку пати има играно во втора лига? Мојот никогаш. Таа привилегија во дебата за фудбал ја имаат фанови на само две екипи од Серија А и Бундеслигата.
Веднаш по мечот Јунајтед - Барнли (0:0) кој Мурињо не може да го прежали затоа што неговите имаа дури 37 шута од кои 11 во рамките на голот, Шмајхел твитна дека гостинскиот голман е еден од најдобрите во историјата. Кој е Том Хитон?
Во неможност да откриеме кои се овие и каде се случило ова, го објавуваме гифот на денот и остануваме полни со прашалници со тронка надеж дека можеби ова е монтажа.
Легендарниот италијански голман на кој формата не му паѓа две децении, секоја недела прави по нешто со кое си ја засилува репутацијата и покажува каква величина од човек е.