Фудбал

Ако сакате да изведете финтаџиски пенал

Легендата на Свонси Сити, Ли Трндол ги запрепастува гледачите во втората велшка лига каде на 40 години го носи дресот на неговиот матичен клуб, второлигашот Ланели Таун и прави чуда по терените.

Најдобрата судиска проценка за соблекување дрес

Во сите лиги е установено дека ако играчот го соблече дресот за прослава на гол, веднаш добива жолт картон, но во овој случај судијата оправдано му рече „извини“ на правилото, ама овој пат јас сум во право.

„До вчера продаваше чорапи и каиши по Штутгарт, сега глуми феномен“

Босанецот Сенад Лулиќ сосема непромислено даде навредлива изјава за стоперот на Рома, црномурестиот Антонио Рудигер и сега го чека долга суспензија.

Најнепостоечки пенал во историјата

Во египетското првенство судија свирна пенал за кој ни тој самиот не знае зошто го свирна. Се чудеа дури и играчите кои добија удар од белата точка.

Секогаш постои ризик кога голманот го напушта голот

Ако ја гледате реакцијата на голманот, таа е исправна бидејќи ја рогна онака како што требаше. Реално ваков гол паѓа еднаш на 100 години, а овој пад падна во Чиле.

Зошто гол технологијата ептен врши работа

Ливерпул ќе сака што побрзо да го заборави гостувањето против Бурнемут, бидејќи имаше 1:3 и на крај загуби 4:3. Гол технологијата е до толку добра и прецизна, што успева да ги реши и ваквите ретки, ама важни ситуации кои шанса нема да ги процени точно судијата.

Мурињо и Роналдо избегнувале данок?

Најголемите европски спортски медиуми на големо најавуваат откривање на еден од најголемите фудбалски скандали. Се споменуваат откривање докази дека многу познати фудбалери и тренери биле вмешани во незаконско работење.

Ел Класико со едни други мајстори

Одиме со ретро снимка од 19 ноември 2005-та, кога главни ѕвезди на Ел Класико беа од една страна Роналдињо, Ето, Деко, Чави, а од другата Зидан, Бекам, Роналдо, Раул. На Сантијаго Бенабеу домашните навивачи му аплаудираа на бразилскиот генијалец за самбата, бидејќи тогаш играше во врвна форма.

Најава за дербито кое со душа го чека цел свет

Во 16:15 е закажана 265-та пресметка на Ел Класико на сите натпреварувања. Барселона води со 109:97, а 58 средби завршиле без победник. Најдобар стрелец во историјата на ова дерби е Лионел Меси со 21 гол. Барселона е домаќин и не смее да си дозволи пораз бидејќи во тој случај ќе падне на -9 на табелата во однос на големиот ривал.

30 дена во ноември, 30 голови

За сладокусците на голови кои минатиот месец пропуштиле многу хајлатси, повелете една доста фина компилација на топ 30 голови за ноември, сето тоа одлично зачинето со коментатори. Роналдо го нема, ги има Меси и Бејл, но тие се споредни играчи во однос на другите мајстори на листава каде прв заслужено е голманот со лудите ножички во 95-та.

Колку влијаат головите на Меси и Роналдо во освојувањето на бодови

Во пресрет на утрешното Ел Класико, јасно беше дека ќе се појави некаква паралела помеѓу најдобрите двајца кои секогаш се во фокусот на вниманието. Од што толку често се зборува за нив, веќе почна да не копка, за кои Меси и Роналдо ќе пишуваме кога овие двајца ќе одат во пензија.

Како Пепе чекал достава на новите копачки

Во пресрет на најголемото светско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид во сабота, сите играчи во карантин психолошки се подготвуваат, а само Португалецот Пепе нестрпливо чека дечкото со моторче да му го донесе најновиот модел на копачки. Според рекламата на UMBRO секако.

Сторија за фудбалскиот пат на Матеја Кежман

Од Земун преку Прилеп и Пирот патот го носи во Ајндховен, Лондон, Париз, Истанбул, Мадрид, Санкт Петерсбург и Хонг-Конг. Матеја Кежман е најомилениот играч во кариерата на Гус Хидинк и фудбалер кој Тери го спречил да се степа со Жозе Мурињо

Од играчи кои не виделе трофеј со очи, Монтела создава злато од тим

Од јануари 2014-та до сега на клупата на 7-кратниот Европски првак седнаа Алегри, Сидорф, Инѕаги, Михајловиќ, Броки и Монтела. Со овој последниов, тимот не само што се искачи на табела онаму каде што го личи, туку стана и двојно поскап.

Најјакиот постигна хет-трик за најјаките

И сега сигурно се прашувате кој е најјакиот, а кој најјаките? Во Боливија да ти имало клуб по име The Strongest со фудбалер по име:

Еврогол на Пандев за Џенова

Откако веќе долго време е на клупата и ретко кога добива шанса, капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев вечерва на куп средбата Џенова - Перуџа постигна гол после подолго време. Струмичанецот зголеми на 2:0 во 37’ минута откако претходно синот на Диего Симеоне го отвори резултатот во 3’ минута.

Македонија У21 ги доби противниците за Европско

За првпат во историјата една македонска фудбалска репрезентација ќе игра на едно Европско првенство. Нашите млади момци следната година ќе играат против: Португалија, Србија и Шпанија.

Најчудната пауза на фудбалски натпревар

За време на паузите во кошарка обично се плакнат очи бидејќи на сцена стапуваат чирлидерките, а во фудбал клубовите немаат пракса да организираат некаква забава за публиката. Русите се обиделе да направат нешто, ама не мора да го поноват.

Единаесетмината преживеани

Никој не е рамнодушен на овие снимки, а најболно е за Бразилците од малиот град Шапеко кои синоќа плачеа и пееја во чест на нивните миленици. Тоа создаде дополнителен наплив на емоции кај 11-те членови на клубот кои не беа дел од авионската несреќа и кои очајно чекореа на теренот каде нема повеќе да играат со своите колеги.

Ѕаѕа па не ти е ова Европско првенство

Само што помина време од Европското летово и го подзаборавивме неговиот смешен пенал со цупкање пред да шутира, Симоне Ѕаѕа синоќа против Манчестер Јунајтед во Купот направи ново „ремек-дело“.

Импресивно видео од финалето во чест на загинатите Бразилци

Синоќешното финале на Копа Судамерикана не се одигра, но тимот на Атлетико Национал се појави и во голем стил им оддаде почит на трагично загинатите фудбалери на Шапекоенсе. Огромна почит и жал покажаа и домашните навивачи кои го наполнија стадионот. Се пееше ' Vamos Vamos Chape '' и сега завршниот збор околу доделување на трофејот го има организаторот на Купот. Колумбијците бараат да оди кај Шапекоенсе.

Кој вика дека во француско паѓаат малку голови, погледнете го Монако

Ако сакате да бркате повеќе голови кај некој тим во кладилница, дефинитивно најдобар избор ви е Монако кој во просек дава по 3. Челси, Лајпциг, Јувентус и Реал Мадрид кои се лидери во другите првенства не се ни блиску до толкава ефикасност.

Луда голманска ножичка во 95-та минута

На мечот Барока - Пајртс во првенството на Јужна Африка, домашниот голман Оскарин Масулуке направи тотално неочекуван потег за големо славје на цел стадион.

Што прави Замбиец во руска лига

Ростов го шокираше Баерн Минхен со 3:2 во Лига на шампиони, момент што ќе го паметат, ама од меморија нема да им избледе ниту Кисамба Лунгу кој со оваа мајсторија му донесе триумф на Урал на мечот против Ростов.