Фудбал

7 црвени и 11 жолти картони во Индија - судијата го заболела рака

Во дербито од индиската Супер лига, Мумбаи Сити со 2-1 го победил Мохун Баган. Овој меч влегол во книгата со рекорди на индискиот фудбал како натпревар на кој се поделиле дури 7 црвени и 11 жолти картони!

Кулминација од турски хаос со 6 црвени картони и тепање на сите страни

Нова трета епизода за 10 дена во турскиот фудбал која излезе од контрола. Овој пат во трета лига, каде падна многу ќотек на сите страни. Еден играч е исфрлен од тим.

Да ѕирнеме во авионот со кој патува Барселона

Барса се врати на победнички патеки во Ла Лига откако со 3-2 синоќа ја совлада Алмерија со головите на Рафиња во 33-та и Серхи Роберто два, во 60-та и 83-та минута. А интересно е да се види во каков авион се возат.

Килијан мајсторе од кај ги вадиш овие удари?

Мбапе ја заврши 2023-та на совршен начин. Постигна два комада од кои едниот еврогол за победа на ПСЖ против Мец од 3:1. Плус брат му Итан дебитираше на 16 години и сето ова се случи на 25-от роденден на Килијан. Француско продолжува на 12 јануари.

Нов блесок на Миовски со два прекрасни гола за пресврт на Абердин

Шкотска дефинитивно се покажа како идеална средина за македонскиот центарфор кој решета скоро на секој натпревар. На конто сезонава има 14 гола на сите натпреварувања од кои 8 во првенство.

Елмас и Германците

Трансферот на Елиф Елмас во Лајпциг кој треба да се реализира во јануари, го потврди и Фабрицио Романо, најголема манга меѓу инсајдерите со 19 милиони следбеници на Твитер. Под неговиот твит има 290 коментари. Првиот е со следново видео:

Мирослав Михајловиќ: Работата како тренер ми прави да се чувствувам поблиску до татко ми

„Беше невозможно да го убедиме да престане со работа. Една недела пред смртта пешачевме заедно 10 километри на дожд. Кога почна да истура, рече: Да почекаме да престане, па да продолжиме. Беше лав во кафез“.

Стариот добар Рој Хоџсон на 76 години

Хоџсон во моментов е тренер на Кристал Палас со кого му извади огромен бод на шампионот Манчестер Сити (2-2) по негатива од два гола и се надева дека ќе тргне да бележи добри резултати по неколкуте порази.

Од Чуамени и Камавинга на Анчелоти му излезе Чуаменинга

На толку сменети клубови, успеси и работа со стотици и стотици играчи во 30 годишната кариера, на 64 годишниот Дон Карло му се простува. А и не дека му е лесно и звучно името за памтење. Aurélien Tchouaméni. Треба да сурфа на нет човек за да му го изговори точно, освен ако не знае француски.

Наполи доби четири шамари дома од Фрозиноне за историски срам

Историски дебакл доживеа шампионот на Италија откако синоќа во осминафинале на Купот на нивен стадион Фрозиноне ги растури со 0-4. Тренерот Валтер Мацари им се извинуваше на навивачите кои се револтирани од тоа како се движи сезоната.

Два страшни проектили во Шпанија, едниот го прими Столе

Лукас Окампос од Севиља и Серхи Канос од Валенсија ги ставија на страшни маки голманите на Гранада и Рајо Ваљекано. Севиља славеше 0:3, а Валенсија 0:1. Столе не ја виде топката од што беше јак ударот.

Фаулот на Гимараеш за во затвор, а доби само жолт

Челси и Њукасл одиграа луд меч во четвртфинале на англискиот Лига Куп. Гостите први поведоа во 16’ минута, а Челси израмни во 90+2’ минута од судиско продолжение преку Украинецот Михајло Мудрик кој обезбеди пенали. На пеналите промашија Трипие и Ричи кај Њукасл и Челси оди во полуфинале. Бруно Гимараеш претходно имаше старт за затвор врз младиот Јан Матсен и помина само со жолт картон.

Арапски коментатор фати да пее на сред пенал

Фулам го исфрли Евертон на пенали во Карабао Купот со 7:6. Слушнете го циркузов на коментаторот кога се местеше да шутира Амаду Онана. Како на караоке.

Како изгледа рехабилитацијата на Нејмар?

Скинати лигаменти е дефинитивно најзаебаната повреда кај спортистите. После операцијата на Нејмар на 2 ноември, беше соопштено дека ќе паузира девет месеци. Најново е дека ја пропушта и Копа Америка која стартува на 20 јуни. Што да каже човек после ова видео?

Нов циркус во Турција, претседател ја повлече екипата од сред терен

Македонските репрезентативци Енис Барди и Валон Етеми беа дел од натпреварот меѓу Истанбулспор и Трабзонспор на кој домашниот претседател Фаик Саријалиоглу ладнокрвно решил да ја повлече екипата и да го прекине мечот незадоволен од судењето.

Топ 5 трансфери на македонски фудбалери во историјата

Елиф Елмас ја напушта Серија А и се сели во Бундеслигата. Се договорил со Лајпциг за рекорден трансфер од 25 милиони евра, до сега невидени за македонски играч во ниту еден спорт.

Акција за која ни Ајнштајн ни Тесла не би имале решение

Натпревар меѓу украински екипи во тамошната украинска премиер лига. Што ли ќе видите на клипов ни вас нема да ви биде јасно.

Како изгледа трката за петто место во ЛШ и како лигите добиваат поени?

Две лиги ќе добијат дополнителни места во Лига на шампиони следната сезона како дел од проширувањето. Со моменталната состојба тоа би биле Италија и Германија. Дежурните критичари на Серија А на апарати.

Селски српски фудбал од близу

„За кого навивате вие? И за едните и за другите, битно да се истепаат“, вели еден од „навивачите“ кој се појавил на ливадата со две цели: семки и сеир.

Луѓе, оваа Жирона изгледа не се зафркава

Во последниот натпревар од 17. коло на шпанска Ла Лига, Жирона го растури Алавес со 3:0 со два гола на сјајниот Украинец Довбик и повторно се врати на чело на табелата, пред Реал Мадрид.

Тројца голмани не ја бранат бомбава на Муриел

Последнопласираната Салернитана поведе против Аталанта на гости, ама само ја налути и во второ прими 4 комада. Најјако беше израмнувањето на искусниот Колумбиец Луис Муриел, кој дупка ќе направеше во мрежата.

Пепе кромидарник беше, кромидарник остана

Агресивен, валкан, насилен со неспортско однесување и со намера секогаш да удира, клоца и да подели некој бокс. Тоа е од прилика статусот на Пепе со кој се стекна во кариерата. Синоќа доби заслужен црвен на дербито против Спортинг кое Порто го загуби со 2:0. 40 години начука во газот и кој што прави, тој само црвени картони добива. Во Битола би го викале Пепе Црвенио.

Абе каков Занети, кој сакаш биди, покажи прво акредитација

Аргентинскиот фудбалски ас беше на ждрепката за ЛШ во улога на потпретседател на Интер, ама доцнеше на настанот и плус не ја носеше акредитацијата, па си направи проблем на врата и едвај го пуштија.

Компилација од Мундијалот 2022 само со Меси

Тргна неубедливо и незабележително, но даде гас кога најмногу требаше и го исполни својот сон, како и на сите Аргентинци. Бајката се случи на денешен ден пред точно една година.