Новиот хаос во турскиот фудбал, кој деновиве го има на насловни страни само поради бељи, се случи на мечот меѓу Бурсаспор и Дијарбекирспор.
Во Турција очигледно не смееш да победиш како гостин или ако победиш мора да седиш мирен. Според пишувањата на турските медиуми, инцидентите настанале после вториот гол на гостите кои славеа 0:2, кога стрелецот на голот ги провоцирал домашните навивачи.
Судијата најпрвин му покажал втор жолт картон на Чагатај Јилмаз од Бурсаспор, а потоа тензијата растела и навивачите ги гаѓале гостинските играчи со што ќе стигнат.
На видеата можат да се зебележат брканици, клоци и боксови на цел терен, како и едно мајагери на еден од играчите на Бурсаспор.
Безбедноста до толку била нарушена, што гостите излегуваа од терен со помош на специјалците кои ги бранеа со штитови.
Хаосот продолжил во подтрибинскиот простор, а судијата доделил 6 црвени картони. Приведен е и еден навивач кој влегол на терен.
Инаку управата на Бурсаспор веднаш одлучила да го исфрли од тим Чагатај Јимлаз поради тоа што бил главен актер на инцидентите кои стигнаа на дневен ред и во турското собрание.
„Истата курдска омраза стои зад нападот на Бурсаспор против играчите на Дијарбекирспор. Ја покануваме Федерацијата да воведе тешки санкции“, рекол Заменик претседателот на групата на Партијата за еднаквост и демократија (ДЕМ).
Bursaspor kapatılsın
— BEŞİKTAŞlıyız (@Besiktasliyiiz) December 20, 2023
pic.twitter.com/Vucbpe2wnI
Faşist #Amedspor’lu taraftarların Bursaspor’lu futbolculara 90 dakika saldırdığın görüntüler..
— 🇹🇷Tüpçü Fikret🇹🇷 (@Tupcufiko128) December 20, 2023
pic.twitter.com/S0DzhhMsRz
Footballers from the fascist club Bursaspor attack a player from the Kurdish team Diyarbekirspor with their entire team. Cowardly creatures who attack a player as a group. pic.twitter.com/QzwAU09GrS
— NewsFromKurdistan (@NewsKurdistan1) December 20, 2023
Подобро да си судија во Џепчиште или Дељадровци отколку во Турција
Нов циркус во Турција, претседател ја повлече екипата од сред терен