Фудбал

Тешко на Реал без Роналдо и со Бензема што не знае кај е голот

Кога го носиш товарот на актуелен европски првак и тоа во историска низа од три пати по ред, нормално дека минималниот пораз од една ЦСКА Москва ќе се смета за тежок. А да е само тоа проблемот. Нов шпиц им треба.

Ибрахимовиќ полни 37 години, УЕФА ги одбра неговите најубави голови

Мајсторот е на друг континент од каде редовно ја засмејува Европа и го фасцинира светот со супер голови. Ама за да не отидат во заборав оние кои ги даваше тука, УЕФА направи видео од неговите најубави погодоци во Лигата на шампионите.

Полицијата во Манчестер го негира Мурињо дека тие се криви за доцнењето

Од шест натпревари синоќа во ЛШ предвидени да почнат во 21, само Манчестер Јунајтед - Валенсија доцнеше со почеток затоа што Мурињо и екипата стигнале многу доцна на стадионот поради гужви во сообраќајот низ градот.

Чек да видиш како влечат ждрепка за Куп во Луксембург

Таман Дуделанж направи историски успех и влезе во Лига Европа па таму машки се држеше со Милан, таман нивната репрезентација врза добри резултати и конкурира за Европско, кога од Луксембург ни стига видео кое личи како да седнеш во кафана и да влечеш ждрепка со пиво и ќебапи.

Уште еден показател за прекрасната форма на Манчестер Јунајтед

Дечкото е дефанзивец и него му е работа да го брани својот гол, ама тоа не значи дека кога шутира треба до толку да биде за греота, па 7 метри е долг голот. Ерик Баи во епизодата: Не знам кај терам, ни јас, ни Мурињо ни цел тим.

Реал се замрзна во Москва, Јунајтед игра колку да игра

Фудбалерите на ЦСКА Москва го направија изненадувањето на вечерта откако го совладаа европскиот шампион 1:0 со гол уште во 65 секунда! Баерн киксна со Ајакс, Рома го прегази шампионот на Чешка со хет-трик на Џеко.

Хет-трик на Дибала, Јуве меле, Сити се провлече

Аргентинецот во редовите на Јувентус конечно блесна во полн сјај и со три убави погодоци беше главен јунак во триумфот на Јуве кој играше без Кристијано Роналдо против Јанг Бојс. Манчестер Сити освои три бода во Хофенхајм.

Дортмунд има талент кој има повеќе асистенции од Меси и Роналдо

Џејдон Санчо е најдобриот асистент за голови во најдобрите 5 европски лиги и најефективниот играч во Бундеслига во моментов. Што е поинтересно, Џејдон од почетокот на сезоната ниту еднаш не заиграл во стартниот состав во Бундеслигата.

775 милиони фунти за 0 титули во Премиер лига и ЛШ

Кога ќе се каже она „Парите не се гаранција за успех“, се мисли на Манчестер Јунајтед, клубот кој по завршувањето на ерата на Фергусон никако не може да се пронајде, а вложи грдни пари. Лига Европа им е под ниво.

Во меѓувреме во Бразил

На мечот Чеирињо ФЦ - Бахија ФЦ се случи нешто за кое играчите не можат стопостотно да тврдат дека не биле пивнати.

Твитер битка меѓу Интер и ПСВ за Роналдо

Во второто коло од ЛШ во групата Б, во среда од 21:00 часот ќе се сретнат ПСВ и Интер, две поранешни екипи на еден од најдобрите фудбалери во историјата, кои сакаат да знаат за кого ќе навива „Ил Феномено“.

Најмилиот навивач на Евертон кој има Даунов-синдром и кој им дојде на гости

Кога во еден момент трчал од радост по трибината за да го прослави единствениот гол на Евертон против „чеканите“ од Вест Хем, многу навивачи помислиле дека станува збор за измама во секторот за инвалиди.

Каде оди фудбалот со вакви пациенти?

Таман ќе ја објавиме глумата на денот, колото или месецот, па ќе дојде друга, па трета и без разлика што секој им го гледа срамот, тие не само што не се поправаат, туку се натпреваруваат кој ќе излезе поголем плачко односно лажго. Последната епизода е на голманот на Макаби Тел Авив, Предраг Рајковиќ. Срамота.

Песната поради која на навивачите на Јувентус ќе им ја затворат трибината

Големото ривалство и омраза на релација тифози на Јувентус - тифози на Наполи кулминира секогаш кога ќе се сретнат овие два клуба. На последното дерби изминатиот викенд шампионот победи 3:1 но триумфот остана во сенка на расистичките извици од навивачката трибина.

Дебито на Кристијано Роналдо во ЛШ

Поминаа 15 години од првиот настап на моментално најдобриот стрелец во клупското натпреварување кое со душа ќе го гледаме и овој вторник и среда. Шансата му ја даде Сер Алекс Фергусон, а младиот Роналдо успеа да изнуди пенал.

Најнеочекуваниот гол од пенал падна во Дагестан

Сè имаме видено од белата точка до сега. Пласирана, силна по земја, душмански во средина, статива гол, паненка и сл, ама ова е чуда над чудата, а ништо чудно прват да се случува откако се игра фудбал на планетава. Стрелец на голов кој падна во земјата која се граничи со Русија, Грузија и Азербејџан е судијата. Епа како, епа така.

Лудо шведско дерби

Хамарби од Стокхолм со 3:0 го прегази големиот ривал Гетеборг во шведското првенство. На мечот имаше прекрасни кореографии, убави голови и луди прослави на истите.

Само вториот во историја кој дал гол и за Лацио и за Рома на дербито

Првиот фудбалер кој постигнал гол во римското дерби и за Лацио и за Рома бил Арне Селмонсон. А втор во саботата стана Александар Коларов кој имаше мајсторија од слободен удар.

Фудбалерот од кого Роналдо ја научи прославата на гол сега одгледува марихуана

Еден од најинтересните репрезентативци на Австралија 14 години играше во најдобрата италијанска лига Серија А. Сега нит гледа фудбал нит бутур, во глава му е само конопот.

Беше ѕвезда во Лацио, а сега е меѓу ултрасите

Постигна гол на римското дерби, на она легендарното со Ди Канио, кога во Лацио беше и Пандев, освои две Скудета со Интер, а викендов билдаше атмосфера низ улиците на Рим како вистински тифозо. Дечкото е стварно цар и вистинска реткост што го прави ова.

Потег што најмалку го очекуваше голманот

Се вика Нино Коутер, игра за словенечкиот тим Мура и излезе толку голем мангуп пред гол, кој не само голманот, туку никој не би очекувал ваква завршница во ситуација еден на еден. Покрај инстинкт, тука треба да имаш и голема храброст да не се сплеткаш па да те ремети кој стигне.

Заборавете на Нејмар, во Бразил има еден што глуми за Холивуд

Главниот симулант во бразилскиот фудбал - Дејверсон од Палмеирас и официјално ја зема наградата „најдобар глумец“ меѓу фудбалерите од Нејмар.

Нешто шкрипи во Јувентус штом Ањели го отпушти главниот оперативец

После осум исклучително успешни години во Јувентус, генералниот менаџер Бепе Марота соопшти дека клубот решил да не му продолжи договор и дека одлуката е на претседателот Ањели со кого извесно време не се сложувале околу работата. Наследник Зидан или Паратичи?

Ти за Вардар или за Слога си?

Играш дерби од типот на Олимпијакос - ПАОК, инаку број 169-то во историјата во кое најзабранетата опција ти е да го загубиш, а ти го решаваш со трагедија од автогол. Епа нема полошо сценарио. Како само успеа да го направи ова Јагош Вуковиќ кој на душа ќе го носи сега цела сезона.